Неколку лица загинаа во автобуска несреќа во Нов Зеланд


Нов Зеланд- Неколку луѓе денеска загинаа откако автобус се преврте во близина на популарната туристичка дестинација Роторуа, на Нов Зеланд, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА. „Можеме да кажеме дека во несреќата има жртви, но, сепак, не можеме да ја потврдиме точната бројка“, се наведува во соопштението на полицијата. Се верува дека во автобусот за време […]

Роналдо: Секогаш е убаво да се вратиме во националниот тим


Португалија– Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо се радува што повторно ќе настапува за репрезентацијата на Португалија. Тој секогаш со гордост го носи националниот дрес. Секогаш е убаво да се вратите во националниот тим и да ја претставувате Португалија! – напиша Роналдо на Твитер и објави фотографија во репрезентативниот дрес. На 7 септември Португалците ќе играат со […]

Музеј на град Скопје со изложба гостува во Нови Сад


Музејот на град Скопје, по повод 70-годишнината од своето постоење, со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“, гостува во Музејот на град Нови Сад, Петроварадинска Тврдина. Изложбата ќе биде отворена вечер, а автори се кустосите Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и Игор Кузманоски. На изложбата ќе бидат презентирани 110 предмети кои ги отсликуваат различните аспекти […]

Почнува со работа новото ОУ „Киро Глигоров“


Во населбата Капиштец денеска ќе биде отворено новото Основно училиште „Киро Глигоров“. Ова е прво новоизградено училиште по пет децении во Општина Центар, а било ветувано уште во 80-тите години од минатиот век. На отворањето на училиштето предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Центар […]

Презентација на податоци за состојбата со заболените од лимфом


Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден” денеска во рамки на одбележувањето на септември како месец посветен на подигнување на свесноста на хематолошки малигни заболувања, ќе ги презентира податоците за состојбата со заболените од лимфом во државава и ќе информира за тоа како да се препознае болеста. На презентацијата на податоците, како […]

Се бара декласификација на извештајот за Јанева


За евентуалното разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе се расправа утре, за кога е закажана седницата на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за овој случај. Се уште не се знае дали за Извештајот ќе се расправа зад затворени врати […]

Мултимедијален настан по повод Денот на независноста


Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи мултимедијален настан „Државотворниот печат“. Со манифестацијата во чест на Денот на независноста, 8 Септември, се одбележуваат 28 години од овој јубилеј и осум години работа на НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Пригодни обраќања до присутните ќе имаат директорката на музејот, Даниела […]

Ременски на распит во Обвинителство за „Рекет“


По водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција исказ треба да даде и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски во врска со случајот „Рекет“. По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Мицевски пред […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на СЈО


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Тврдина 2“ на СЈО. Случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка. Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова од СЈО. Минатото рочиште беше одложено за Судечкиот совет да одлучи […]

Сончево со ветер и температура до 33 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повремено ќе се засилува и ќе предизвика намалување на дневните температури. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 8 до 17, а највисоката температура ке достигне од 21 до 33 степени. УВ=6. Во Скопје, […]

Годинава очекувани над 1,3 милион туристи


За половина година девизниот прилив од туризмот изнесува 153,89 милиони долари. Тоа е за 1,3 отсто повеќе отколку за истиот период во 2018 година. Ова се должи на трендот на раст на бројот на туристи и на ноќевања. Првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 4 проценти а ноќевањата за 2 проценти, споредбено […]

Наследникот на Јанева мораше да се знае досега


Разрешувањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева отвора низа дилеми во јавноста за кои засега нема институционален одговор. Дали со прекинувањето на нејзиниот мандат ќе престане и мандатот на останатите обвинители на кои таа им е надредена? Значи ли тоа по автоматизам и прекин на судењата? Што ќе значи евентуално неуспешниот епилог на политичките преговори […]

Ќе се формираат подрачни одделенија за онкологија и радиотерапија низ државата


Министерството за здравство ќе треба да достави акциски план  со конкретни рокови и правни модалитети за централизирање на дејностите онкологија и радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во ГОБ „8ми Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во државата. […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате да ги реализирате своите цели ќе треба да се фокусирате на нивното исполнување, а не на нереализираните планови: расположете се малку и не дозволувајте си да бидете обземени од темни размислувања. Направете нова стратегија, опуштете си и дајте си поголема слобода: отфрлете го она што ве притиска и олеснете си. БИК: Секој […]

Премиерата на „Обвинувам“ без Полански: Сопругата Емануел ѕвезда во Венеција


Италија- Контроверзниот но култен француско-полски режисер Роман Полански (86) се натпреварува за Златниот лав со филмот „Обвинувам“, историска драма вдахновена од познатата „Aфера Драјфус“, во која Жан Дужарден кој го толкува ликот на потполковникот Жорж Пикар кој го рехабилитира неправедно обинетиот за предавство француски офицер на крајот од XIX век. На премиерата во Венеција дојде […]

Британската фунта падна под 1,20 за долар поради превирањата околу Брегзит


Англија– Британската фунта денеска падна под 1,20 за долар, што е најниско ниво од јануари 2017 година, а тоа се должи на политичките превирања во Велика Британија со приближувањето на датумот за Брегзит, но и поради можноста од предвремените избори. Околу 9,00 часот по средноевропско време британската фунта изнесуваше 1,198 за долар и 0,9133 за […]

Централен регистар: Извршен е упад во компјутерскиот систем, податоците не се загрозени


Централниот регистар на Република Северна Македонија потврдува дека е извршен упад во компјутерскиот систем и потенцира дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри. По упадот, информираат од Централниот регистар, веднаш е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика. – […]

Кралска двојка на Мостра : Лили Роуз-Деп и Тимоти Шаламе на црвениот ќилим


Италија- Номинираниот за Оскар Тимоти Шаламе (23) и ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз Деп (20) имаа кралско појавување на премиерата на филмот „ The King “. На црвениот килим во Венеција, двојката која од лани е заедно,  беше облеќена во тон. Тимоти кој е препознатлив по врвниот моден стил, носеше необичен комплет […]

Зендаја е лице на новиот парфем на Ланком: Со „Идол“ сите ќе ве запамтат


САД– „Ланком“  ја претстави кампањата за својот нов парфем насловен Idole, а главно лице на кампањата е холивудската ѕвезда Зендаја. Кампањата го носи мотото “I can, we will”. Новиот мирис е веќе достапен во продажба. Главна нота се розите од Турција кои се одгледуваат исклучително за брендот Lancome, а тука се и нотите од бергамот, […]

Пиењето вода клучно за здравјето, актуелна дилемата дали од шише или од чешма


Пиењето вода е клучен фактор за одржување добро здравје. Водата ја зголемува енергијата на телото, го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, помага при ослободување на токсините…Честопати кога станува збор за здравјето се поставува прашањето која вода за пиење има подобар квалитет – водата од чешма или таа во шишиња, што се продава на […]