Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ако сакате да ги реализирате своите цели ќе треба да се фокусирате на нивното исполнување, а не на нереализираните планови: расположете се малку и не дозволувајте си да бидете обземени од темни размислувања. Направете нова стратегија, опуштете си и дајте си поголема слобода: отфрлете го она што ве притиска и олеснете си.

БИК: Секој има свое мислење за тоа каков е животот: едните велат едно, другите мислат друго, а вистината е некаде на пола пат. Бидете истрајни и надминете ги блокадите на разумен начин: вие самите можете да откриете што е вистина и каква реалност сакате да искреирате. Постојат повеќе варијанти за кои што ќе треба да се изјасните.

БЛИЗНАЦИ: Средба со некоја личност која што има агресивен темперамент: не дозволувајте си да бидете испровоцирани, туку решете ги проблемите на нежен начин. Со своја воља ќе одлучите што е исправно и нема да си дозволите да се колебате. Знаете дека самите сте креатор на својот свет и ќе се усогласите со потребите на заедницата на разигран начин.

РАК: Погледнете се подобро во огледалото и направете ги нужните промени: прекрасен ден за љубов, забава и продлабочување на семејните врски. Научете да чекате ако работите не се одвиваат според вашето темпо и заборавете на речениците кои што започнуваат со негација. Консултација со експерти кои што ќе ви дадат нови увиди.

ЛАВ: Ако сакате да ја напуштите својата комфорна зона и да пораснете како што му прилега на вашиот стас, ќе треба да ги откриете тајните места и комплекси: тука не сте дојдени за да страдате, туку да го остварите својот потенцијал откривајќи нови простори. Слушајте го внатрешниот глас и откријте ја својата сила: насмејте се и одлетајте далеку.

ДЕВИЦА: Запрашајте се добро дали сакате да бидете како и останатите или да станете уникатна личност, која што знае кои се нејзините должности и цел во животот: ако ги криете недостатоците, нема да смените ништо, но ако ги развивате талентите, ќе успеете да постигнете слобода. Не ја играјте играта која што ви е наметната: направете нов ритам!

ВАГА: За да ја постигнете саканата финансиска независност, ќе треба да продолжите да чекорите кон зацртаната цел и парите ќе почнат да се слеваат во вашиот џеб на волшебе начин. Бидете мирни и дишете длабоко: светот е проткаен со изобилство, а колку повеќе љубите, толку повеќе и шанси ќе привлекувате. Останете фиксирани на целта.

СКОРПИЈА: Денес доаѓате во центарот на збиднувањата при што ја откривате својата раскошна личност: успех во личните врски и на професионален план. Ако имате доволно верба, наскоро ќе остварите нова работна позиција, на која што ќе ѝ се посветите целосно: секој неуспех води до некаков успех и тоа е стара мудрост која што се повторува континуирано.

СТРЕЛЕЦ: Ако правите силен отпор, може да создадете иднина каква што не посакувате: со нагласени емоции не се решава ништо. Прекумерната страст може да доведе до опсесии и да ја угуши креативноста. Разберете дека сте слободна личност која што може да направи солидни одлуки и повеќе нема да бидете марионета на погрешните уверувања.

ЈАРЕЦ: Можеби подолг период се борите со различни струи и се чини дека никако не можете да дојдете до решение: додека луѓето ви даваат сугестии, вие ги одбивате, а ако сакаат да ви соопштат нешто, едноставно не ги слушате. Сменете го курсот и изучувајте повеќе: не држете се тврдоглаво за своите ставови, туку набљудувајте.

ВОДОЛИЈА: Условите се можеби нејасни или таинствени, но сепак правите искрени напори да поставите нови правила и стандарди: стигнуваат нови пораки од сите страни и потребно ви е време да ги сортирате. Најважно од сѐ е да останете доследни на вистината, дури и да се срамите или се плашите. Следете ја интуицијата и останете тивки и мудри.

РИБИ: Научете да се повлекувате кога условите ќе го бараат тоа од вас: треба да најдете време да се одморите, да ја обновите својата сила и одговорите ќе дојдат самите од себе. Како да имате клуч кој што отвара повеќе димензии на постоењето. На тој начин ќе ја вратите самодовербата и ќе откриете дека границите се илузорни: слободни сте!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]