Британската фунта падна под 1,20 за долар поради превирањата околу Брегзит


Англија– Британската фунта денеска падна под 1,20 за долар, што е најниско ниво од јануари 2017 година, а тоа се должи на политичките превирања во Велика Британија со приближувањето на датумот за Брегзит, но и поради можноста од предвремените избори.

Околу 9,00 часот по средноевропско време британската фунта изнесуваше 1,198 за долар и 0,9133 за евро.