Годинава очекувани над 1,3 милион туристи


Фото: Б. Грданоски

За половина година девизниот прилив од туризмот изнесува 153,89 милиони долари. Тоа е за 1,3 отсто повеќе отколку за истиот период во 2018 година. Ова се должи на трендот на раст на бројот на туристи и на ноќевања. Првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 4 проценти а ноќевањата за 2 проценти, споредбено со 2018 година.

Анализите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажуваат дека поголем е растот кај домашните туристи а странските туристи го зголемиле бројот на ноќевања.

Најбрзорастечките пазари(по број на пристигнати туристи) споредбено 2018-2019 г.

Најголем раст има кај туристите од Полска – 73 отсто, од Хрватска 53 отсто, а од Словенија 32 отсто. На листата на брзорастечки пазари според бројот на туристи кои дошле во Македонија се и Израел (раст од 32 отсто) и Албанија (19 отсто).

Според движењата на пазарите во регионот, предвидувањата на светската туристичка организација и движењата на туристичкиот сектор за 2019 година, предвидениот раст ќе се движи помеѓу 3 и 5 проценти во бројот на туристи (над 1,3 милион туристи) и 5 до 7 отсто кај остварените ноќевања, до 4 милиони ноќевања.