Премиерата на „Обвинувам“ без Полански: Сопругата Емануел ѕвезда во Венеција


Италија- Контроверзниот но култен француско-полски режисер Роман Полански (86) се натпреварува за Златниот лав со филмот „Обвинувам“, историска драма вдахновена од познатата „Aфера Драјфус“, во која Жан Дужарден кој го толкува ликот на потполковникот Жорж Пикар кој го рехабилитира неправедно обинетиот за предавство француски офицер на крајот од XIX век.

На премиерата во Венеција дојде целата екипа од филмот, но во отсуство на Полански, главна ѕвезда на црвениот ќилим беше неговата сопруга Емануел Сење (53) , која глуми во филмот.

Г-ѓа Полански беше атрактивна со деколтираниот фустан, по традиција на Мостра.

Режисерот и актер Роман Полански во САД се води како бегалец откако се изјасни за виновен за незаконски сексуален однос со малолетно лице, а потоа избега од САД во 1978 година.

Лани, Управниот одбор на Американската филмска академија, која го доделува престижниот Оскар, ги отфрли од членство Бил Козби и Роман Полански кои се осудени поради сексуални деликти.

Полански потоа поднесе тужба против затоа што бил исклучен од институцијата.