Кралска двојка на Мостра : Лили Роуз-Деп и Тимоти Шаламе на црвениот ќилим


Италија- Номинираниот за Оскар Тимоти Шаламе (23) и ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз Деп (20) имаа кралско појавување на премиерата на филмот „ The King “. На црвениот килим во Венеција, двојката која од лани е заедно,  беше облеќена во тон.

Тимоти кој е препознатлив по врвниот моден стил, носеше необичен комплет во сива боја на Акерман и стилизирани чизми каубојки, а Лили- тоалета од шифон во розова боја на Алберта Ферети. Музата на Карл Лагерфелд за претставувањето со брод избра модел на Шанел, а Шаламе- на Витон.

Како и секоја година, американските ѕвезди и големите холивудски продукции се незаобиколен дел од смотрата на Лидо пред почетокот на трката за номинациите за Оскарите.