Британскиот Парламент суспендиран на пет недели


Англија– Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Одлуката за стопирање на работата на Парламентот беше критикувана од спикерот на Претставничкиот […]

Загина српскиот рапер Гру


Србија– Славниот српски рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, вчера загина кај наутичкиот клуб „Земун“ откако со параглајдер паднал во вода, дознава српски „Блиц“. Андонов трагично насрадал околу 15 часот, а од водата го извлекле пријатели. Брзата помош стигнала на лице место, а лекарите констатирале смрт. Гру имаше 46 години. Од бракот со […]

Заем од 125 милиони евра од Светска банка за буџетски потреби


Со заем за финансирање на буџетските потреби од 125 милиони евра ќе се задолжи Македонија кај Светска банка. Законот за задолжување е во собраниска процедура а одборот на извршни директори на Светска банка се очекува да го одобри на 19 септември. Овој заем е дел од новата рамка за партнерство на државата со Банката со […]

ЕУ бара владите од Западен Балкан да внимаваат со кинеските инвестиции


Европската Унија има намера да го интензивира дијалогот со земјите од Западен Балкан за да ги објасни придобивките од финансирањето преку главните инструменти на инфраструктурните проекти на ЕУ, а воедно ги повикува властите да посветат посебно внимание при обезбедувањето инвестиции од други партнери кои му помагаат на регионот да ги исполни стандардите на ЕУ, рече […]

Урсула фон дер Лајен ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари


Белгија – Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе ги претстави кандидатите за нови еврокомесари и нивните задолженија. Областа на политиката за проширување на Европската унија може да ја добие комесар кој доаѓа од земја на Вишеградската група или од Југоисточна Европа. Словенечкиот дипломат Јанез Ленарчиќ и поранешниот унгарски министер за правда […]

Преку ИПА грант реализирани 135 подпроекти во 78 општини


Сто триесет и пет подпроекти во вкупна вредност од 1,3 милијарди денари во руралните средини на 78 општини се реализирани преку проектот ЕУ ИПА грант за рурална инфраструктура. Денеска, во Скопје ќе биде одржан завршен настан на проектот на кој обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска, амбасадорот на ЕУ Самуел […]

Заев и Мицкоски ќе пресечат за СЈО


Преговарачките тимови и лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, денес на заедничка маса ќе решаваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство. Лидерската средба, која е закажана на неутрален терен во Собранието (20 часот), треба да ги испегла сите разлики околу донесувањето на законот за јавното обвинителство со кој […]

Јовески: По предметите од СЈО не е исклучена можноста да постапуваат и досегашните обвинители


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо. Смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и […]

Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска


Шведска – Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ ќе добие споменик во Шведска, пренесува „АС“. Иницијативата потекна од шведската фудбалска асоцијација која одлучи споменикот да биде во Малме меѓу стариот и новиот стадион на локалниот клуб. Ова е родниот град и матичниот клубот на шведскиот напаѓач. Висината на статуата ќе биде 2,7 метра, тежина – […]

Анѓушев на средба со претставници на компании – членки на Стопанската комора


Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, денеска во Стопанската комора на Македонија ќе одржи средба со претставници на компании – членки на комората. Анѓушев, како што соопшти неговиот Кабинет,  пред претставниците на компаниите ќе ги презентира новите мерки за поддршка на стопанството за раст на платите, како и придобивките […]

Сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 23 до 33 степени. Во Скопје и околината […]

Американски сојузни држави покренуваат истрага против „Гугл“


САД-Голема група американски држави предводени од Тексас најавуваат истрага за пазарната моќ на „Гугл“ и дали таа компанија неправедно ја потиснува конкуренцијата и им нанесува штета на потрошувачите. Тоа го изјави генералниот јавен обвинител во Тексас, Кен Пактон, на прес-конференција во Вашингтон. Најавата доаѓа само неколку дена откако група држави објавија истрага за доминацијата на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работната недела започнува со нови и зголемени интереси: љубопитни и нежни, ќе ја ширите наоколу својата убава енергија. Ако сакате да постигнете помирување со саканите, направете ги првите чекори и остварете ја таа намера: животот нуди многу прекрасни шанси за напредување, а вие треба да одберете која најмногу ви се бендисува. БИК: Ако верувате […]

Бисери


ЛЕЈЛА САБИТ Во светот се најчесто околу вратот на жената. Симбол на елеганција, стил, потекло, статус, традиција, наследени, подарени, со ќеф купени. Природни, култивирани, морски, речни, јапонски, охридски, скапоцени, рариретни, бели, црни… Кај нас најчесто излегуваат од устата. Симбол на незнаење, на сеир, простаклак, лажна моќ, секој час, секој ден, официјално, неофицијално, на социјалните мрежи, […]

Папа Франциск: Уништувањето на шумите и биодиверзитетот е закана за сите нас


Мадагаскар – Папата Франциск денеска изјави дека забрзаното уништување на шумите и биолошката разновидност во многу земји не треба да се гледа како на локално прашање бидејќи претставува закана за иднината на целата планета. Папата ја испрати пораката од Мадакаскар, четвртиот по големина остров во светот, кој според истражувачките институти, во последните 60 години изгубил околу […]

Плочата се враќа во мода: Трета Skopje Vinyl Convention во МКЦ


Funky Fresh и МКЦ го најавуваат третото издание на единствената конвенција за винил во Македонија. На 28 септември, сабота, во просториите на МКЦ во текот на денот и вечерта на едно место ќе се соберат голем број љубители на винил-културата. Skopje Vinyl Convention е настан инспириран и посветен на сите пасионирани колекционери и љубители на […]

Штрајк на пилотите на Бритиш Ервејз, откажани 1,600 летови


Англија- Околу 1,600 летови на Бритиш Ервејз планирани за периодот помеѓу недела навечер, 8 септември и четврток наутро, 12 септември, се откажани поради дводневниот штрајк на повеќето од пилотите на Бритиш Ервејз. Поголем дел од летовите на Бритиш Ервејз на лондонските аеродроми Хитро и Гетвик за 9 и 10 септември се откажани. Тоа значи дека […]

Австралиски новинар за кригла пиво во хотел платил 61.356 евра


Австралија– Питер Лејлор, новинар за еден австралиски весник, платил астрономска сума за кригла пиво во хотелот Малмезон, откако денот го минал гледајќи крикет на Олд трафорд. – Одлучив на враќање да се напијам едно пиво, а отидов во тој хотел бидејќи таму ми беа сместени пријателите, појасни новинарот. Тој вели дека додека плаќал не ги […]

„Амазон“ по грешка предвреме го објави новиот роман на Маргарет Атвуд


САД- „Амазон“ усреќи неколку читатели кои направиле рана резервација за новата книга на Маргарет Атвуд кога по грешка го испорача вториот дел од „Приказната на робинката“ цела недела порано. Издавачката куќа на книгата „Тестаменти“ изјави дека се работи за мал број копии што по грешка биле испорачани од страна на „Амазон“. „Пингвин рандом хаус“ ги […]

Тркачот во Формула 3, Перони чудесно преживеа страшна несреќа 


Италија – Возачот во Формула 3, Алекс Перони, имаше огромна среќа при денешниот инцидент на италијанското Гран-при во Монца. Неговиот автомобил по излегувањето од патеката во еден своик буквално летна во воздухот и по неколку превртувања слета на заштитната ограда, а од него се разлетаа делови на сите страни. Перони помина само со неколку модринки […]