Тркачот во Формула 3, Перони чудесно преживеа страшна несреќа 


Италија – Возачот во Формула 3, Алекс Перони, имаше огромна среќа при денешниот инцидент на италијанското Гран-при во Монца. Неговиот автомобил по излегувањето од патеката во еден своик буквално летна во воздухот и по неколку превртувања слета на заштитната ограда, а од него се разлетаа делови на сите страни.

Перони помина само со неколку модринки и сега е во болница на прегледи за да се утврди дали има повреди.

Пред една недела, во несреќа на ГН на Белгија во Формула 2, загина Французинот Антоан Хуберт, кој се судри со Хуан Мануел Кореа. Вториот заврши во болницата и сега е во вештачка кома