Штрајк на пилотите на Бритиш Ервејз, откажани 1,600 летови


Англија- Околу 1,600 летови на Бритиш Ервејз планирани за периодот помеѓу недела навечер, 8 септември и четврток наутро, 12 септември, се откажани поради дводневниот штрајк на повеќето од пилотите на Бритиш Ервејз.

Поголем дел од летовите на Бритиш Ервејз на лондонските аеродроми Хитро и Гетвик за 9 и 10 септември се откажани. Тоа значи дека се откажани околу 1,600 летови, а 240,000 патници се погодени од овој штрајк.