Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работната недела започнува со нови и зголемени интереси: љубопитни и нежни, ќе ја ширите наоколу својата убава енергија. Ако сакате да постигнете помирување со саканите, направете ги првите чекори и остварете ја таа намера: животот нуди многу прекрасни шанси за напредување, а вие треба да одберете која најмногу ви се бендисува.

БИК: Ако верувате дека блокадите се случуваат самите од себе, ќе откриете дека сте во илузија: реалноста е рефлексија на вашата внатрешна состојба и програма, која кажува дека повеќе се занимавате со исходот, отколку со самата активност. Со други зборови, мрзеливи сте и треба конечно да направите нешто за себе: активирајте се! Радосни сте.

БЛИЗНАЦИ: Разбудете се и вратете ја својата лична моќ: не правете отпор, покажете се во вистинското светло и не бегајте од својата судбина. Пораки пристигнуваат од повеќе страни и тие ќе ви помогнат да го вратите фокусот за да се соочите со проблематичната ситуација: ќе ги прескокнете сите подводни камчиња и ќе го надминете стравот. Штедете повеќе.

РАК: Соочени со тешкотии кои што ги пратат сите нови почетоци, треба да разберете дека не сте марионета, туку личност која што е слободна да прави вистински избори при осознавањето на реалноста. Време е да поставите нов ред во својот дом и да им се посветите на личните работи: на тој начин ќе се ослободите и ќе станете храбри.

ЛАВ: Одличен ден да постигнете среќа и баланс во својот живот и на тој начин дојдете до благосостојба: нов ангажман на работен план со кој може да успеете многу. Зацртајте нов курс во морето на варијанти и бидете среќни: најважно е да не се водите според туѓите потреби и воспоставените правила: формулирајте нови идеи.

ДЕВИЦА: Не верувајте во непотребни митови, туку ценете го она што веќе го имате: прекрасен ден да ја сфатите нежната страна на животот и да им обрнете внимание на организациите кои што се залагаат за поддршка на жените. Откријте ја поубавата страна на животот и не жалете за ништо. Уживајте во нежните вечерни часови и љубовта.

ВАГА: Длабоко во себе знаете дека веќе одамна требаше да го смените своето однесување и без оглед колку сте резервирани, имате поддршка од пријателите, роднините, како и својата интуиција. Она што таа ви го говори е највалиден одговор, со кој што ќе стигнете на својата дестинација: оставете го минатото зад себе и ослободете се конечно!

СКОРПИЈА: Поради некоја чудна причина, работите не се одвиваат онака како што сакате, туку си имаат некој свој распоред: блокади, разочарувања и фрустрација. Погледнете се подобро самите себе и дајте си нова задача, имајќи храброст да се фокусирате на саканиот сектор. Така ќе дојдете до нови откритија и опции кои ќе ви се бендисаат: имајте верба!

СТРЕЛЕЦ: На професионален план доаѓа до промени, за кои што ќе треба да бидете повеќе набљудувач, отколку активен учесник: на овој начин ќе ги откриете сите тајни и мистерии, особено ако му дозволите на светот да се движи по својот курс и не се занимавате со примитивизмот околу себе. Ова не е обична задача, туку е создадена само за ретките.

ЈАРЕЦ: Работите на развивање на некоја идеја, која што бара многу движење и промени од секаков вид: животот е како бумеранг и какви мисли да испраќате во светот, такви ќе добиете како одговор. За среќа, вие имате некакви искуства на ова поле и ќе го смирите внатрешното огледало за да ги материјализирате своите потреби. Внимавајте на очите.

ВОДОЛИЈА: Одржување на техничките предмети, поправање на механичките апарати и чистење во домот: во срцето ви тлее една мала искра која што повторно може да букне како огин и да ги коригира погрешните работи. Смирени, дистанцирани и без големи желби, ќе успеете и невозможното да го направите возможно: се јавуваат нови шанси.

РИБИ: Можеби ви е тешко и сметате дека нема кој да ви помогне, но дали навистина е така? Ова е идеален ден за тимска соработка, во кој работите со луѓе со слични афинитети: помошта може да дојде од секој правец, затоа не лутете се, туку најдете заеднички јазик. Ова е начин да се здобиете со поголема самодоверба и да бидете реалистични.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]