Австралиски новинар за кригла пиво во хотел платил 61.356 евра

Австралија– Питер Лејлор, новинар за еден австралиски весник, платил астрономска сума за кригла пиво во хотелот Малмезон, откако денот го минал гледајќи крикет на Олд трафорд.

– Одлучив на враќање да се напијам едно пиво, а отидов во тој хотел бидејќи таму ми беа сместени пријателите, појасни новинарот.

Тој вели дека додека плаќал не ги носел очилата, а имало и некакви проблеми со ПОС терминалот. – Имав некое чудно чувство, па прашав: Колку го платив тоа пиво? Девојката од барот ја погледна сметката и рече: Ох боже, боже и потоа малку се двоумеше да ми ја покаже сметката.

Откако било утврдено дека му биле наплатени 55 илјади фунти, менаџерот на хотелот веднаш ја признал грешката и ветил дека ќе му помогне за тоа да го среди со банката. Лејлор заминал, погрешно претпоставувајќи дека банката нема да прокнижи толку голема исплата.

– Среде ноќ ме разбуди телефонот. Ми се јави сопругата во паника, која открила огромен кусок на мојата хипотекарна сметка, рече новинарот.

– Ги земаат парите за една секунда, а им се потребни 10 работни дена за д аги вратат, коментираше Питер Лејлор.