Загина српскиот рапер Гру


Србија– Славниот српски рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, вчера загина кај наутичкиот клуб „Земун“ откако со параглајдер паднал во вода, дознава српски „Блиц“.

Андонов трагично насрадал околу 15 часот, а од водата го извлекле пријатели. Брзата помош стигнала на лице место, а лекарите констатирале смрт.

Гру имаше 46 години. Од бракот со Даница има два сина.