Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се чини дека имате многу работа, која што никако да се доврши до крај: ова ќе ги стопира привремено вашите романтични чувства и првиот дел од денот ќе се разликува значително од вториот. Треба да донесете важни одлуки без да одолговлекувате повеќе: бидете спонтани и искористете ги понудените опции. БИК: Ова ќе биде активен […]

Ноншалантност во Рим: Манчевски меѓу убавици во црни тоалети


Наградите и светските премиери се множат, а нашиот наградуван режисер Милчо Манчевски не го менува стилот на облекување. На гала – премиерата и на црвениот килим, синоќа, во рамките на 14. издание на Филмскиот фестивал во Рим, на премиерата на најновиот  игран  филм „Врба“, во друштво на актерките кои беа елегантни, се прошета во ноншалантен […]

Даде: За разлика од Рама, Заев потврди дека е премиер одговорен пред својот народ


Албанија– Универзитетската професорка и поранешна шефица на албанската дипломатија, социјалистката Арта Даде, смета дека за разлика од претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, „премиерот Зоран Заев покажа дека е премиер одговорен пред сопствениот народ“. Таа смета дека Рама целосно потфрлил со неговата Влада, која ја следат скандали и оти тој веќе не може да […]

Збогум Балкане: Критичен демографски пад


ТИМ ЏУДА Младите си заминуваат. Стапките на наталитет колабираат. Општествата стареат. И покрај тоа што стотици илјади бегалци и мигранти поминаа низ поголем дел од регионот, малкумина сакаат да останат. Граници, етнички простори, пристапување во ЕУ, членство во НАТО и недовршен бизнис од војните во 90-тите – ова се приказните што ги пополнуваат вестите од […]

Албанската полиција заплени 142 канти со сирење шверцувани од Македонија


Албанија– Албанската полиција во заедничка акција со припадници на Секторот за стопански и финансиски криминал при Полицискиот комесаријат во Елбасан, заплени канти со сирење прошверцувани од Македонија. Станува збор за 142 канти со сирење, но не се наведува вкупната тежина на запленетата стока. Шверцуваната стока била откриена на патниот правец Либражд – Елбасан, при контрола […]

Заев: Промените не ги носи една влада или 20 луѓе, туку сите два милиони граѓани


Сите ќе треба двојно повеќе да работиме, двојно повеќе да направиме и да сме двојно подобри, објави денеска премиерот Заев на Фејсбук, нагласувајќи дека промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе, туку сите два милиони граѓани. – Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. За да немаме загадување, треба […]

НБ: Монетарната политика е соодветна, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви


Монетарната политика во земјата е соодветна. Со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија. Важно e и што успешното одржување на ниска и стабилна инфлација  и поволната позиција на билансот на плаќања, годинава, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од […]

Вучиќ тврди дека ги предупредил Заев и Рама за исходот од Самитот во Брисел


Србија-  Осврнувајќи се на одбивањето на ЕУ да одреди датум за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ги предупредил лидерите на двете земји дека очекувал таков исход, иако тие се надевале на поинаков. Вучиќ, гостувајќи на ТВ Прва, додаде дека албанскиот премиер Еди Рама му […]

Оскаровката Џенифер Лоренс се омажи во најголема тајност


САД – Оскаровката Џенифер Лоренс (29) се омажи за сопственикот на њујоршката галерија, Кук Марони, во Њупорт, во Роуд Ајленд, пишуваат американските медиуми. Венчавката била одржана во луксузна вила на овој раскошен и мирен остров, а церемонијата била одржана во строга тајност, иако од септември постоеле гласини дека оваа двојка ќе застане пред олтар. Меѓу […]

Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј


Австралија – Австралиската авиокомпанија „Квантас“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј превезувајќи 50 патници и членови на екипажот. – Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути, објави денеска „Квантас“ на Твитер. Авионот полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот […]

Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија


Албанија– Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и Северна Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер. Изјавата на Александар Сорос, син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, уследи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со […]

Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности


Од денес мора да продолжиме да работиме исто како да сме добиле датум минатата недела – Македонија нема друга алтернатива и мора да продолжи да оди по европскиот пат. Заради тоа, повикувам сите политички чинители во државата да ги преземат сите дејствија за доекипирање на тимовите кои би учествувале во преговарачките процеси и да се […]

Јовески: Наводите на „Ла Верита“ се чиста шпекулација


Државниот обвинител Љубомир Јовески  во изјава ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска. Според Јовески, во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и […]

Светски ден на контролорите на летање, во просек дневно опслужуваат 100.000 летови


Контролорите на летање низ  светот имаат заедничка цел која посветено ја реализираат, а тоа е преку синтеза на безбеден, ефикасен и економичен систем на контрола на летање и сопственото специфично знаење, вештини и искуство светот да добие безбеден авиосообраќај, истакнуваат од Македонска навигација (М-НАВ) по повод Светскиот ден на контролорите. Претседателот на Управниот одбор и […]

Растат сомнежите за наследничката на Меркел


Германија – Патот на Анегрет Крамп-Каренбауер да ја наследи Ангела Меркел како германската канцеларка се чинеше јасен кога ја замени како лидер на владејачките христијански демократи (ЦДУ) минатиот декември. Десет месеци подоцна, членовите на нејзината партија расправаат дали АКК, како што е позната, е вистинската личност да ја води најмоќната земја и најголемата економија на […]

Се зголемува бројот на грабежи во Чаир, граѓаните вознемирени


Кражбите во Чаир се негативен феномен што не престанува. Граѓаните од оваа населба се загрижени и не наоѓаат утеха на местото каде што живеат. Речиси сите балкони што се на приземје и први кат се оградени со решетки. Едно од местата кое е најмногу загрозено е и населбата Скопје-Север. Саид Јусуфи од оваа населба има […]

Лековитите својства на јаткастите овошја: Извор на енергија и против несоница


Есента е тука да нѐ потести на јаткастите овошја, кои се неизбежен дел од човечката исхрана, со голема здравствена вредност за човечкиот организам. Тука спаѓаат оревите, бадемите, лешниците, костените, кикириките, фстаците и многуте други видови кои што не растат во овие краеви, како индиските или бразилските ореви. Богати со омега 3 масни киселини, многу протеини […]

Шар Планина сардисана од хидроцентрали


Тетово – Речиси секоја река на Шар Планина си доби своја хидроцентрала. И во недопрена природа се одвиваат градежни активности за изградба на централи уништувајќи ја природата. Последниот таков случај, според иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, е регистриран во месноста Лешница, еден од најубавите предели на шарпланинскиот масив. За таа цел, според иницијативата, исечени […]

Вакцинацијата против грип почнува од 5 ноември


Вакцинацијата против грип ќе почне идниот месец, на 5 ноември, што е оптимално време, бидејќи во земјава пикот на вирусот се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари, информираат за од Министерството за здравство. Министерството за здравство по пат на јавна набавка, која е во тек, за годинава ќе обезбеди 28.000 дози вакцини […]

Казнети 19 пијани возачи и 34 за пречекорување на брзината


Поради пречекорена брзина на движење со моторно возило, полицијата санкционирала 34 возачи на подрачјето на Скопје во акциската контрола спроведена од  Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР вчера од 6 до 24 часот. Како што информира МВР, откриени се и 42 останати прекршока за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни […]