Џорџина Чепмен за новиот дечко: Адриен Броди е „невообичаен и интересен“


САД– Две години по нејзиното разделување од моќниот продуцент Харви Вајнстин, дизајнерката на „Марчеса“, Џорџина Чепмен, се поврза со актерот Адриен Броди. Додека „People“ известува дека двајцата се дружеле „некое време“, не се познати многу детали, но во новиот извештај се наведува дека двајцата имаат слични интереси и дека Чепмен му се восхитува на страста на Броди за работа и живот.

„Таа смета дека тој е необичен и интересен“, изјави извор за „People“. „Таа смета дека тој е интересна личност со длабока страст за неговата работа што е слична на нејзината“.

Изворот додава дека Чепмен прави се за да продолжи со животот по скандалот со нејзиниот поранешен сопруг. Дел од тоа, го вклучува и Броди. Втор извор објаснува дека тој „го свртува вниманието од болката што ја преживува по разделбата од Вајнстин со кого има две ќерки.

„Таа беше шокирана кога дозна за сето ова и особено кога излезе во јавноста. Тоа беше понижувачко“, велат нејзините блиски.

Ниту Броди ниту Чепмен не коментираа за врската. Броди претходно беше во врска со актерката Елса Патаки. Двајцата ја завршија својата врска во 2009 година и таа се омажи со актерот Крис Хемсворт. Според „Вог“, Броди и Чепмен се запознале во 2019 година на промоцијата на пливачката линија на екстоп-моделот и фотограф Хелен Кристенсен во Порторико.