Виенскиот бал се одлага за 15 мај


По вчера објавените Заклучоци, мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија, со цел превенција од ширење на корона вирусот, Ве известуваме дека одржувањето на 21-то издание на Виенскиот Бал во Скопје се одложува.

Организаторот на Балот – Здружението за културна соработка Јохан Штраус, информира дека одложениот настан ќе се одржи на 15 мај, во хотелот Александар Палас.

Организаторот на Виенскиот Бал во Скопје и покровителот, амбасадата на Република Австрија, ќе ги следат и почитуваат препораките на здравствените власти во интерес на јавното здравје, се вели во соопштението на организаторот.