Ангела Јакимовска со најубаво тело на Мис на Европа 2020


Македонската претставничка на Мис на Европа 2020 што се одржа вчера во Бејрут, Либан, Ангела Јакимовска од Скопје ја освои титулата Miss Best Body и влезе меѓу 10-те финалистки.
Победи убавицата од Франција, титулата Прва придружничка ја освои убавицата од Литванија, а втора придружничка е претставничката од Украина.
Сите убавици од Европа престојуваа две недели во хотелот Ривиера на самиот брег на Средоземното море во Бејрут, Либан. Финалето се одржа во Casino Du Liban, за жал без публика, поради мерките кои и во Либан се превземаат како превенција од корона вирусот.
-Ангела на изборот настапи преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина. Уште една девојка од студиото успеа да освои титула и тоа Трета придружничка, а тоа е 19-годишната Црногорка Лара Стешевиќ, која ја претставуваше својата држава, ни изјави Црнокрак кој беше и член на жирито кое ги избираше најубавите во Европа.
Мис Европа е Французинка