Околу 100 војници со навршени 45 години од утре на нови работни места


Околу 100 војници со 45 години старост од утре ќе преминат во Министерството за правда, односно под Управата за извршување на санкции во затворската полиција. Со ова, се решава проблемот за околу 100 поранешни  војници, за кои по навршувањето на 45 година им престануваше професионалниот ангажман во Армијата. Државниот секретар на Министерството за одбрана Драган […]

Од Нова година минималната плата во Хрватска 435 евра


Хрватска – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на владина седница најави зголемување на минималната плата на 3.250 куни (435 евра) од првиот ден на 2020 година. Во мандатот на актуелната хрватска Влада минималната плата во Хрватска е зголемена за околу 100 евра. Пленковиќ се пофали дека во комбинација со со даночната реформа, зголемени се и приходите и […]

Македонската музика низ зборови и звуци на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид организираше работилница на тема „Ритамот-Движењето, Музиката-Дишењето“ со познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски. На публиката и беше доловена музичка слика за она што го работи Јосифовски заедно со неговата група „Љубојна“ во текот на изминатите години кое веќе е претворено во препознатлив македонски музички јазик. […]

Објавени мемоарите на Принс: Што мислел за музиката на Ед Ширан и Кети Пери?


САД– Додека Кети Пери сметаше дека Принс е „магија“, тој очигледно не беше голем обожавател на нејзината музика. И истото може да се каже и за неговите чувства кон Ед Ширан. Мемоарите на кои пејачот на  „Purple Rain“ го работеше во моментот на неговата ненадејна смрт во април 2016 година и го вклучува тоа. Насловени […]

Спасов можел и да го прошета светот


ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Убиецот на Мартин Нешкоски последната дозвола од штипскиот суд за да прави операција ја добил на 31 јули. Урологот што го оперирал од кила му препорачал на Игор Спасов два месеца да мирува во домашни услови и на 18 септември во судот да донесе медицинска документација дека ги спровел медицинските зафати. Но Спасов […]

Американски музички награди: Тејлор Свифт е пејачка на декадата


САД- Се надеваме дека Тејлор Свифт има празен простор на полицата за трофеи затоа што треба да однесе дома голема награда следниот месец. Пејачката на  „Треба да се смириш“ ќе биде почестена како пејачка на декадата на Американските музички награди 2019 година, што ќе се емитува на 24 ноември на АБЦ. За време на шоуто, […]

Џиповите станаа втори најголеми загадувачи


Растечката побарувачка за џипови беше втора по големина која придонесе за зголемувањето на глобалните емисии на CO2 од 2010 до 2018 година Во тој период, џиповите го удвоија глобалниот удел на пазарот од 17 на 39 отсто и нивните годишни емисии се искачија на повеќе од 700 мегатони CO2, повеќе од годишната вкупна емисија на […]

Личната креаторка откри тајни од Бакингемската палата: Кралицата Елизабета уживаше како модел


Англија – Кралицата Елизабета Втора, монарх, олицетворение на достоинство и смиреност, позира за камерата како професионален модел, раце на колковите, надвор од колковите, во џебовите, од џебовите. Тоа беше сцена без карактер, така што избраните неколкумина кои беа сведоци на тоа инстинктивно знаеја дека е посебен момент „никогаш да не се повтори“. Една од нив […]

Андреевски: Тешко е да се биде уметник, но радоста на создавањето е безгранична


Ликовниот уметник Сергеј Андреевски на изложба во МАНУ ќе претстави дел од своето творештво кое овдешната јавност досега не го видела. Некои слики се од циклусите „Цвеќулиња“, „Кучињата лаат“, „Коњи“, „Рибари“… кои пропатувале во многу земји низ светот, некои се изработени на сликарски перформанси што Андреевски ги имал со музичари и бендови. Има дела од […]

Германскиот виолончелист Николас Алштед на концертот на Филхармонијата


На вечерашниот концерт на Филхармонијата солист ќе биде германскиот виолончелист Николас Алштед, еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена. На програмата е Концертот за виолончело и оркестар од Мјачеслав Вајнберг и „Чудесниот Мандарин“ од Барток. Со оркестарот ќе диригира Ален Бурибајев од Казахстан. Со концертот почнуваат и 20. „Есенски музички свечености“ на кои до […]

Почнува со работа фабриката „Баумер“ во ТИРЗ Скопје 1


Швајцарската компанија „Баумер“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ќе ја отвори својата фабрика. На настанот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски. Договорот со оваа странска компанија беше потпишан во […]

Албанија се попишмани, не му ја донира на УНЕСКО иконата „Воскрение на Свети Лазар“


Албанија – Албанската Влада ја поништи одлуката, што ја донесе пред една година, со која на УНЕСКО требаше да му ја донира иконата „Воскресение на Свети Лазар“. Врз основа на новодонесена одлука иконата не може да стане сопственост на УНЕСКО. „Иконата успешно е реставрирана и владата сакаше да ја донира на УНЕСКО. Сега владата одлучи таа […]

Светски ден на штедењето, депозитите на населението 4,5 милијарди евра


Едукативни настани и кампањи за промоција на штедењето организираат денеска банките и институциите по повод Светскиот ден на штедењето. Во Зоолошката градина во Скопје, под мотото „Штедиме за сите наши желби“, Халк банка приредува настан преку кој ќе им овозможи на основците од „Коле Неделковски” и „Кристијан Тодоровски-Карпош” и на децата од предучилишна возраст од […]

Одбиен и четвртиот романски кандидат за еврокомесар


Белгија – Новоизбраниот претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го одбила и четвртиот кандидат за нов комесар кого го предлага Романија, наведуваат дипломатски избори. Како што пренесуваат романските медиуми, романскиот премиер во заминување Виорика Данчила вчера предложила поранешниот министер и пратеник Виктор Негреску да ја претставува земјата во новиот состав на Европската комисија, […]

Облачно и постудено со локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната ќе се искчаи максимум до 15 степени. Во Скопје, слично време со слаби врнежи од дожд и умерен северен ветер. Утринската температура […]

Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ: Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја и за регионот


Завршивме голема работа, направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот, порача синоќа министерот за надворешни работи Никола Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа за кои приреди работен прием, кои пак, под раководство на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денешната динамика се чини дека ви е малку пребрза: можеби би ви е потребно повеќе време за да одлучите како да постапите понатаму? Сакате да постигнете финансикса независност, а не сакате да ги повторите истите грешки од минатото: важно е да најдете вистински баланс помеѓу автономијата и нежноста. БИК: Денес ќе откриете како да […]

Фон дер Лaјeн сѐ уште нема кандидат за комесар од Романија


Белгија – Новата Европска Комисија која требаше да стапи на функција на први ноември е заглавена, меѓу другото, поради Романија, каде властите не успеваат да се договорат за кандидат за комесар. Првата кандидатка која ја предложи власта пред два месеца, Рована Плумб, беше отфрлена од страна на комисијата за правни работи на Европскиот Парламент. Оттогаш во […]

В петок премиера во Скопје: „Врба“ има машка и женска верзија, публиката ќе ги види двете


Шестиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе има македонска премиера на 1 ноември, откако ја имаше светската на 19 октомври на Филмскиот фестивал во Рим. Официјалната премиера за домашната публика в петок ќе биде во салата на Филхармонијата од 20.30 часот, а во исто време премиери ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ […]

Французите и Белгијците со највисока даночна стапка во ЕУ


Белгија– Фискалниот притисок, односно плаќањето даноци и социјални придонеси, е најголем во Франција, Белгија и Данска, според последните податоци на Евростат. Франција е на прво место, Белгија на второ, во двете земји даночните обврзници треба да платат речиси 50 отсто од своите приходи во данок или придонеси, пренесува европскиот статистички завод. Глобалното рацио фискални приходи/БДП […]