Во Турција седум нови смртни случаи од Ковид-19

Турција– Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека од новиот коронавирус починале седум луѓе и потврдени се уште 293 пациенти инфицирани со Ковид-19.

Во изминатите 24 часа добивме резултати од 3.672 тестови на коронавирус. Потврдени се 293 нови случаи на зараза. И покрај напорите што ги вложуваме, болеста победи седум наши пациенти, напиша Коџа на Твитер.

Тој посебно ги предупреди младите луѓе да не мислат дека ќе бидат изземени од епидемијата.

-Забавете го темпото на живот. Не се изложувајте на ризик. Не го носете ризикот дома. Останете дома. Животот може да престане и дома, истакна Коџа.

Во Турција досега од Ковид-19 инфицирани се вкупно 1.529 лица, а починаа 37.