Тимоние: Добри вести за ЕУ перспективата ако до мај испорачате и вие и ние


Процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до месец мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести, изјави денеска во Собранието францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Запрашан дали е оптимист дека до мај земјата може да ја заврши домашната задача за да добие зелено светло […]

Џафери на форум на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта


Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, денеска ќе учествува на 9. Состанок на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ за проширувањето на ЕУ, што се одржува во Будимпешта, Унгарија. Во рамките на конференцијата, претседателот Џафери ќе има и обраќање пред учесниците на форумот.

Премиера на „Официјални тајни“ со Кира Најтли утре во МКЦ


Драмата „Официјални тајни“ (Оfficial Secrets), заснована на вистинската приказна за британската укажувачка Кетрин Ган утре во 18 часот премиерно ќе биде прикажана во „Кино Фросина“ во МКЦ како дел од дополнителната програма на третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје. Годинава ИФФС за првпат ќе прикаже и игран филм. Холивудската актерка Кира Најтли ја […]

„Ну погоди“ – симфониски концерт за деца со видео анимација на Филхармонија


Во Филхармонија в сабота ќе се одржи „Ну погоди“, симфониски концерт за деца со видео анимација. Според најавата од Филхармонија, на музичката агенда е музика од култните стари цртани филмови „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“. Оркестарот веќе ги свиреше темите од овие цртани, во кои музиката се’ уште се смета за […]

Се разведе Соланж Ноулс, сестрата на Бијонсе


САД-  Пејачката Соланж Ноулс (33) објави на Инстаграм дека на нејзиниот брак му дојде крај. Призна дека се развела од супругот Алан Фергусон по пет години брак ама не ги наведе причините. Ова е втор брак за Соланж. Од бракот со Даниел Смит има син Јулез (15).      

Прогресивното оданочување одложено за три години : Не било време за левичарење


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера негираше какво било негово влијание врз одлуката за одложување на прогресивното оданочување. Тој рече дека станува збор за одлука на Министерството за финансии кое ги правело анализите кои, како што рече, тој ги видел на владината седница. „Немав никакво влијание во носењето на оваа одлука“, тврди Анѓушев. Тој […]

Фандакова од ГЕРБ повторно градоначалничка на Софија


Бугарија – Кандидатката на бугарската владејачка партија, централно-десничарската ГЕРБ, Јорданка Фандакова за градоначалничка на Софија доби 49,98 отсто од гласовите во вториот круг од локалните избори во Бугарија, според целосно обработените податоци, соопшти Централната изборна комисија на Бугарија. Тоа е доволен број гласови за нејзин четврти мандат како градоначалник. Маја Манолова, пак, независната кандидатка која ја […]

Во Хрватска продолжува штрајкот на просветните работници


Хрватска– Во Хрватска денеска почнува нова рунда штрајкови во основните и средните училишта, а претставниците на синдикатите ќе се сретнат со министерот за образование Јосип Аладровиќ. Настава денеска нема да има во Осјечко-баранската и Личко-сењската жупанија, а утре во Приморско-горанската и во Задарската жупанија, додека за среда е најавен штрајк во цела Хрватска и голем […]

Ѓоковиќ со петта титула во Париз


Франција- Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата го освои Мастерсот во Париз по вчерашниот триумф во финалето над Денис Шаповалов со 6:3, 6:4. До четвртата победа над Канаѓанецот, во исто толку одиграни мечеви во 2019 година по Мелбурн, Рим и Шангај, на српскиот тенисер му требаа само 65 минути. Ѓоковиќ во француската престолнина го […]

Баерн го отпушти тренерот Ковач


Германија– Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на својата официјална веб-страница објави дека ја прекинува соработката со тренерот Нико Ковач. Договорот со 48-годишниот хрватски стручњак раскинат со меѓусебна согласност на страните. Помошникот тренер Ханс Флик привремено ќе го предводи тимот. Баерн во последниот натпревар од Бундеслигата вчера загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1. После десет кола, Баварците […]

Серија културни настани по повод 100 години Баухаус


Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и Гете Институт Скопје од денеска на македонската публика ќе ѝ ја претстават највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, кој оваа година го слави својот стогодишен јубилеј. Предвидени се повеќе активности и настани на различни локации. Во организација на Гете Институт Скопје […]

Облачно со врнежи од дожд


Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 11 до 19 степени. Во […]

Потпретседателката на францускиот Сенат во посета на земјава


Потпретседателката на Сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Таа во Скоје ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со преставниици на собраниските тела и на пратеничките групи. Во соопштение од Амбасадата на Франција се наведува дека „посетата Конве-Муре го одразува јакнењето на француско-македонските парламентарни […]

Продолжува судењето за „Монструм“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството. Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме […]

Претседателот на ЕП Давид Сасоли во Скопје


Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, денеска ќе престојува во  Македoнија, што е неговата прва официјална посета надвор од Европската Унија. Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред вас се крупни промени, кои што можеби предизвикуваат страв: сепак, место за вкочанетост нема, туку за активирање на сите сили, со кои што ќе постигнете финансиска независност. Работите брзо се менуваат, а промени има и во вашиот интимен живот: облечете се убаво излезете некаде на убава вечера. Бидете среќни. БИК: Практични, бавни и […]

Кумуцакос: За четири месеци во Грција пристигнаа околу 40 илјади бегалци и мигранти


Грција-Во последните четири месеци имавме околу 40 илјади пристигнувања, вели алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција, надлежен за миграциска политика, Јоргос Кумуцакос во интервјуто за утринската информативна емисија на грчката телевизија „Скај“. Кумуцакос истакна дека мигрантското/бегалското прашање е големо, а во овој момент постои „експлозивна мешавина“ на околности што ги зголемува пристигнувањата во Грција. […]

Поради бура во Франција без струја се над 140.000 домаќинства


Франција – Најмалку 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија денеска поради силно невреме што погоди делови од Франција. Блокирани се и патишта поради откорнати и паднати стебла од дрвја. Бурата Амелија донесе и поројни поплави на југоисток во државата. Од камп се евакуирани 47 лица. Во прекин е и железничкиот сообраќај на повеќе правци. Ударите на […]

Вучиќ повторно бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина


Србија– Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска повторно ја праша портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич дали може да каже со каков отров се имаат отруено членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, додавајќи дека му е жал што ниту ЕУ, ниту американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер не се занимавале со толку важно […]

Студија: Зголемен број повреди на очите кај демонстрантите од „Жолтите елеци“


Франција- Бројот на повреди на очите за кои се претпоставува дека се предизвикани од фрлачите на гумени топки за одбрана (ЛБД), масовно користени од француските сили на редот, нагло се зголеми од кризата со „жолтите елеци“, ова според студијата спроведена меѓу француските универзитетски болници и објавена во британскиот медицински журнал „Лансет“. Авторите на студијата наловена […]