Корона-криза: Хероините на касите

Контактот со муштериите е составен дел од работата на продавачките и пред сѐ касиерките во супермаркетите и другите продавници насекаде во светот. Тоа претставува голем проблем во време на пандемијата на коронавирусот.

Додека рестораните, училиштата и многу фирми остануваат затворени, супермаркетите продолжуваат да работат. Тоа е огромно оптоварување за продавачките и продавачите- и тоа не само поради заканата од Ковид-19.Актуелната криза ја покажа системската важност на овие премалку платени работници, кои сега ги ризикуваат своето здравје и нерви, за да функционираат општетствата под карантин. (Дојче веле)