Ралф Лорен донира 10 милиони долари за заразените од Ковид-19


САД- Корпоративната фондација Ралф Лорен објави дека ќе донира 10 милиони долари за да им помогне на оние кои се погодени од коронавирусот. Средствата ќе бидат поделени во различни фондации, вклучувајќи Emergency Assistance Foundation, the World Health Organization’s COVID-19 Solidarity Response Fund и многу други.

„Сега повеќе од кога било, во ова време на потреба, поддршката едни на други стана нашата мисија“, напиша славниот дизајнер Ралф Лорен во соопштението за печат, додавајќи ја компанијата на списокот на најголемите имиња на модата кои се приклучуваат на борбата против коронавирусот со милионски донации.

Ралф Лорен ќе им обезбеди финансиска помош на своите вработени преку Фондацијата за итна помош за оние што се соочуваат со посебни околности. Дел од парите ќе бидат донирани и на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) / Vogue Fashion Fund за COVID-19 – за поддршка на американската модна заедница погодена од пандемијата .

„Во срцето на нашата заедница секогаш постоел дух на заедништво што ја инспирира нашата креативност, нашата самодоверба и што е најважно нашата поддршка, изјави Лорен.

Одбрани продавници на Ралф Лорен ќе бидат затворени привремено, а вработените сепак ќе бидат платени за време на затворањето.

Покрај својата огромна донација, Ралф Лорен исто така се подготвува да произведе заштитни материјали за медицински одделенија, како наметки и маски.