Анѓушев: Економијата на прав пат, растот поддржан од реални мерки, без задолжување на државата


Годинава како никогаш досега се издвоени средства за поддршка на економијата, вкупно 55 милиони евра или 37 проценти повеќе од лани кога беа проектирани 40,7 милиони, а резултатите се конкретни и видливи. Бројките покажуваат 3,6 отсто раст на БДП во првата половина од 2019-та, 5,5 отсто раст на индустриското производство, 14 проценти раст на извозот […]

Моден викенд Скопје: Барбика во публика


20.Моден викенд во Скопје поминува во знакот на убави манекенки на писта и убави дами во публика. Ревиите се посрамежливи од претходните сезони, додека женските атрибути беа откриени максимално, формата на женското тело и пропорциите беа истакнати до милиметар во првите редови во Музејот на град Скопје. Жената како вечна инспирација на ревиите и меѓу […]

МФ: Се одложува данокот на доход од депозити и капитална добивка за 2023


Се одложува оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, кои требаше да стапат на сила на почетокот на 2020 година, за три години подоцна, односно за 2023 година. Исто така, освен одлагањето се предлага намалување на даночните стапки, односно од 15% на 10% за депозитите […]

Моден викенд Скопје ни сплете изненадувачка вечер: Носталгија за минатото и поглед кон иднината


Моден викенд Скопје синоќа, ни сплете силна изненадувачка вечер која не врати во минатото, ама ни фрли и поглед кон иднината. Ни претстави домашни и странски дизајнери, но и талентирани ученици кои ја открија убавината на плетењето, ни понуди есенско-зимски трендови кои ќе ги носите од сабајле до вечер, младешки комбинации и вечерни елегантни аутфити. […]

Казнети околу 150 возачи во Скопје


На подрачјето на Град Скопје вчера полицијата по разни основи санкционирала околу 150 возачи на автомобили и на мотори, соопшти МВР. Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во период од 06:00 до 24:00 часот санкционирало пет возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се и 48 останати прекршоци за […]

Творештвото на македонски автори претставено на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул


Турција – Министерот за култура Хусни Исмаили кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, синоќа во Музејот на уметноста присуствуваше на настанот на кој беше претставено творештвото на повеќе македонски автори во рамки на 38. Меѓународен саем на книгата во овој град. Како што соопшти денеска Министерството за култура, пред турската читателска […]

Месец на урогенитално здравје: Отстранете ги инфекциите преку исхраната


Најверојатно сте чуле за медот манука, направен од цвеќиња што растат во Нов Зеланд и Австралија, кој има многу активни компоненти што го збогатуваат неговиот вкус и го прават еден од најздравите медови во светот. Со голема антибактериска и антивоспалителна моќ, тој има силни терапевтски својства, помага при многу болести и инфекции и изобилува со […]

Конзервативците на Џонсон со убедлива предност во анкетите


Англија– Британската конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон води убедливо во анкетите на јавното мислење во однос на опозициската Лабуристичка партија и другите партии. Во последните пет анкети меѓу 36 и 42 проценти од гласачите би гласале за ториевците, додека меѓу 21 и 29 проценти би гласале за лабуристите. Помеѓу 14 и 20 проценти од […]

Промоција на првиот каталог за етнолошката ризница на Трпејца


Изминатиов еден и пол месец здружението „За Трпејца со љубов“ работеше на проектот „Од етнолошката ризница на Трпејца“, кој се реализира со средства од Министерството за култура од буџетот на манифестацијата „Нов културен бран – 2019“. „Направивме истражување, собравме етноматеријали од Трпејца и подготвивме изложба и посебена публикација – каталог со истиот наслов на македонски […]

МТСП: 2.631 лице се стекнаа со социјална пензија


Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа до сега 2.631 лице се стекнаа со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица. Месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција. Како што соопшти […]

Се ожени пратеникот Мухамед Зекири, кум бил Заев


Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска.  Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба. Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни […]

Изборите договорени, изборниот модел неизвесен


Најголемите политички партии од власта и опозицијата на неодамнешната лидерска средба се договорија да се одржат предвремени парламентарни избори во април в година, но останува отворено прашањето дали тие ќе се одржат по постојниот изборен модел или ќе се менува Изборниот законик. Државната изборна комисија вели дека е подготвена да спроведе избори по кој било […]

(Фото) Во синиот воз на Тито: Моден викенд Скопје ги урива родовите бариери


Синиот воз на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито беше луксуз на тркала, кој, ние граѓаните, го следевме од ТВ, и замислувавме како изгледа додека се патува низ светот. Сега музејска реликвија, стационирана на Перон 1 на Железничката станица во Скопје е нем сведок на едно убаво време кога бевме земја, почитувана во светот, со почитуван […]

Велосипедски караван „Скопје на точак 2019“


Вториот велосипедски настан „Скопје на точак“ ќе се одржи денеска кај фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, со правец на движење кон ТЦ „Сити мол“. Покровител е Град Скопје, а организатор Сојузот на спортови на Скопје. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час, а учесниците ќе […]

Потпретседателката на францускиот Сенат Конве-Муре во Скопје


Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре утре доаѓа во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претставници на собраниските тела и на пратеничките групи. Посетата на Конве-Муре, како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Франција, го одразува јакнењето на француско-македонските парламентарни размени во перспектива на европскиот пат […]

Објавени документи за истрагата за претседателските избори во САД


САД– Министерството за правда на САД објави преглед на сослушувањата и е-поштата вклучени во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводно руско мешање во претседателските избори во 2016 година, по судска одлука од спор со Си-Ен-Ен и со „БузФид Њуз“. Објавените документи на 500 страници вклучуваат разговори со Рик Гејтс, поранешниот заменик за изборната […]

ЕУ основа тело за сузбивање на перење пари


Белгија– Европската унија ќе формира централно тело за борба против активности на перење пари, по низата скандали со висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на „валкани пари“ преку нејзините банки. Министрите за финансии на блокот се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ […]

Сасоли утре во посета на Македонија: Француското вето е само мала пречка која ќе се надмине во наредните месеци


Новоизбраниот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли утре ќе ја посети Македонија. Пред неговата посета на земјава, во интервју вели дека блокадата на преговорите во ЕУ ја освести европската јавност за важноста на ова прашање. Смета дека француското вето на последниот самит е само мала пречка на патот која ќе се надмине во наредните месеци. – Одлучив […]

Затворени за сообраќај улиците „Бихаќка“ и „Црниче“ поради асфалтирање


Поради асфалтирање на дел од улиците „Бихаќка“ и „Црниче“, на потегот од улицата „Фредерик Шопен“ до подвозникот, овој дел од улицата денеска ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа. Град Скопје информира дека посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да […]

Облачно и ветровито, со услови за дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени. Во Скопје слично време, со температура од 10 до 19 степени. В понеделник ќе биде облачно […]