Одложено доделувањето на театарскиот „Оскар“ на Бродвеј

САД –  Годинешното свечено доделување на „Тони“ , театарски еквивалент на филмските оскари, е одложено на неодредено време. Ова е последниот во низата културни настани – жртви на корона-пандемијата.

Доделувањето требаше да се одржи во Њујорк на 7 јуни, со пренос во живо на Си Би Ес.

Театрите на Бродвеј беа затворени пред две седмици поради пандемијата. Њујорк потоа беше прогласен за жариште на епидемијата во САД.

„Здравјето и безбедноста на бродвејската заедница, уметниците и обожавателите нам ни се најважни”, се истакнува во известувањето на организаторите.

Така, свеченоста е „одложена за подоцнежен датум“, како што стои во соопштението. Наградите „Тони“ за драма, мјузикл, режисери и глумци се сметаат за највисоко признание во американската театарска сцена.
Меѓу откажаните културни настани поради коронавирусот, се и Филмскиот фестивал во Кан, како и музичките фестивали во Гластонборо и во Велика Британији и Коачела во Калифорнија.