Федерер донираше милион франци за најпогодените семејства во Швајцарија од коронавирусот


Швајцарија-Тенискиот ас Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка донираа милион франци за најпогодените семејства во Швајцарија од коронавирусот.

-Нашиот прилог е само почеток. Се надеваме дека и други ќе се приклучат со донации за најзагрозените семејства. Заедно можеме да ја надминеме кризата. Останете здрави, пишува во пораката на Федерер објавена на социјалните мрежи.

Роџер со бившата тенисерка од Словачка, Мирка имаа четири деца:близначките Мили Роуз и Шарли Рив (10) и близнаците Лео и Ленарт (5).