Хороскопските знаци и коронавирусот: Кој е активен, кому му е здодевно?


Како секој хороскопски знак се справува со кризата?

Овен

Вие немате проблем со само изолацијата во својот дом. Познати сте како индивидуалци и најдобро се снаоѓате самите во кризна ситуација. Но, имате проблем со седењето во затворен простор.

Најдобриот совет за вас е да возите велосипед е или пешачите, секако сами и доколку условите го дозволуваат тоа, а секогаш може да вежбате и дома.

Бик

Сакате да се чувствувате мирно и безбедно во својот дом. Вие го сакате чувството на целосна контрола, сите конци да ги држите во своите раце.

Целата оваа неизвесна ситуација ве излудува, а вие сте едни од оние што постојано ги празнат полиците во супер маркетите и трупаат резерви.

Близнаци

Зависни сте од вести и нови информации. Во моментот кога ќе ги добиете ги препраќате на сите блиски и познати лица. Секако дека им се јавивте на сите да ги прашате како се и како ја поднесуваат изолацијата.

Слободното време го поминувате во решавање квизови и тестови, најчесто поврзани со сопствениот карактер.

Рак

И со и без кризната состојба, вие сте човек што најмногу сака да го поминува времето во рамките на домот. Готвите, чистите, слушате музика и си играте со вашето милениче. Навидум немате страв од кризата.

Но, сепак внимавајте на здравјето и физичкиот изглед, не дозволувајте да се запуштите или да го ослабите имунитетот.

Лав

Како и секогаш–вие сте гласни и драматични. Ве гуши затвореноста во домот и ве нервираат сите кои не ги слушаат вашите совети. Ги излудувате домашните и се излудувате себеси.

Скептични сте за сите вести поврзани со вирусот, останувате со часови до доцна во ноќта за да читате научни трудови што ви имаат смисла и доза вистина.

Девица

Конечно, свои на своето. Сите ги мијат рацете и сите внимаваат на хигиената, а вие сте пресреќни поради тоа. Вие ги миете рацете помножено по 3 пати повеќе од домашните. Внимавајте да не си ја оштетите кожата.

Претерувате со црната хроника, можеби е време да се опуштите со малку забавни портали и филмови.

Вага

Паничите затоа што одамна не сте излегле со своите пријатели. Иако многумина ве советуваат да пиете кафе преку Скајп, вие ја мразите таа идеја. Ви доаѓа да заплачете затоа што никој не ве разбира. На крајот сепак варите кафе и седнувате покрај камерата, бидејќи семејството и пријателите ви се сè во животот.

Скорпија

За некои само изолацијата е предизвик. За вас – уште еден обичен ден дома. Ги имате своите книги, филмови и серии. Она што ве загрижува се финансиите и светската економска криза.

Не престанувате да ги анализирате загубите на државата во којашто живеете и светот генерално. Какви последици ќе остави короната врз економијата?

Стрелец

Вие сте од оние бунтовниците кои решија да не го почитуваат полицискиот час и сепак излегоа на улица. Но, за брзо време сфативте дека изолацијата е неопходна. Нервите ви „играат“, а вие не можете да се смирите.

Ова е добро време да започнете со физичка активност во рамките на домот. Сè што ќе ви ја исцрпи енергијата, макар и чистење, вреди да се проба, со цел да заспиете полесно и побрзо.

Јарец

Во главата постојано ви се вртат црни, мрачни сценарија и ги проектирате не само врз себеси туку и врз најблиските. Можеби треба да се олабавите од читањето вести и постојаното следење пресови.

Мора да ја намалите дозата на анксиозност, бидејќи правите на сите да им биде непријатно. Длабоко во себе чувствувате како да го носите товарот на целиот свет врз своите раменици, но бидете уверени дека не е така.

Водолија

Верувате во сите луди теории на заговор. Вирусот е дело на Кина. Не, на Америка. Русите имаат вакцина, но ја кријат. Не, тоа се сепак Германците. Потајно сте среќни што сте сведоци на ова време. Какво време да се биде жив.

Среќни сте што ќе го дочекате епилогот на оваа приказна и кога конечно ќе се пронајде вакцината на сите ќе може да им кажете – Знаев! Знаев дека има вакцина!

Риби

Одлично се справувате со кризата и изолацијата во домот. Сепак, претпочитате луѓето околу вас да се насмеани и да ви влеат надеж и позитивна енергија. Инаку многу лесно може морално да потклекнете.

Времето го поминувате со книги или јога и медитација. Претпочитате да се опуштите и да се дистанцирате од сите вести на интернет. Дури ги имате и блокирано половина од пријателите на Вибер затоа што навистина не сакате да слушате лоши вести.