Во Скопје 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки


Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 17 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден […]

ЕК молчи: Место на ниви, фондовите потрошени за партиски цели


Брисел – Последното истражување на „Њујорк тајмс“ за злоупотребите со европските земјоделски фондови во земји од Источна Европа не предизвика конкретни одговори од Европската комисија. „Њујорк тајмс“ во своето викенд-издание откри дека милијарди евра од фондовите на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ се злоупотребуваат во партиски и политички цели, меѓу другото во Унгарија, Чешка или […]

Апелација одлучува за пресудата за „Титаник 2“: Мијалков очекува правична одлука


Обвинението за „Титаник 2“, што се однесува на договорено гласање во ДИК за приговорот за локалните избори во Струмица во 2013 година, е недокажано и пресудата од Основниот кривичен суд не се темели на докази, туку на еден куп претпоставки. Ова го тврдеа адвокатите на Сашо Мијалков, но и на останатите обвинети во „Титаник 2“, […]

„Адора“ на Чифлиганец стана најголем акционер на Комерцијална банка


Градежната компанија „Адора инженеринг“ во сопственост на Ванчо Чифлиганец кон крајот на минатата недела купи над 15.000 акции во Комерцијална банка за износ од 1,4 милион евра, со што сега поседува 10,76 отсто од гласачките права. Компанијата ги откупи овие 15.191 акција на пазарна берзанска цена од 5.650 денари за акција, стои во соопштението на Комерцијална банка, […]

Холандска атлетичарка осудена на 8,5 години затвор за криумчарење 50 кг дрога


Германија – Холандската олимписка атлетичарка Мадиеја Гафур (27) е осудена на осум и пол години затвор за шверц и продажба на дрога. Таа беше уапсена во јуни годинава за време на рутинските проверки на германската граница и во таа пригода, пронајдени 50 килограми таблети екстази, два килограми кристал мета и 11.950 евра во готово во багажникот […]

Тужба против Трамп за силување


САД– Жената која го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ја силувал пред повеќе од 23 години во продавница во Њујорк, денеска поднесе тужба против него за неговите изјави во јуни во кои негираше дека ја нападнал. И. Џин Керол (E. Jean Carroll), долгогодишна колумнистка на списанието „Ел“, во тужбата поднесена во суд на Менхетн […]

Ставен во мирување најавениот штрајк на приватните стоматолози


Штрајкот што за 6-ти овој месец го најави Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина е ставен во митување, откако вчера на средба со претставници од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување било договорено предлозите на здружението за промена на моделот на финансирање во примарната стоматологија да се […]

Почувствуван земјотрес во земјава


Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 20 часот и 56 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 км западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од […]

САД се повлекуваат од Договорот за климата


САД– САД ги известија Обединети нации дека почнаа процес за повлекување од Парискиот договор за климата, што беше потпишан во 2015 година. Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера изјави дека предал официјално известување до ОН, со што започнува процесот на повлекување, што трае една година. Помпео Парискиот договор го нарече „економски нефер товар“ за американската […]

Изложба „Бау1хаус“ на берлинскиот фотограф Жан Молитор во МСУ


Во Музејот на современа уметност – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Бау1хаус“ на берлинскиот фотограф Жан Молитор. Изложбата се реализира во соработка со Амбасадата на Германија и Архитектонскиот факултет во Скопје по повод стогодишнината на познатата и исклучително влијателна архитектонска школа Баухаус. Како што е најавено, изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Германија, Томас […]

Турските сили во Сирија ја заробија сестрата на ал Багдади


Турција– Неименува турски владин претставник синоќа изјави дека во северозападна Сирија е заробена постарата сестра на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади. Тој тврди дека 65-годишната Расмија Авуд е уапсена во камионска приколка, во која живеела со семејството, во близина на местото Азаз, во сириската област што е под контрола на Турција. […]

Претседателот на ЕП, Сасоли, ќе се обрати во Собранието


Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска ќе се обрати во Собранието на Република Северна Македонија, а претходно тој ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и со координаторите на пратенички групи и претставници од други политички партии. Претходно вчера претседателот на ЕП имаше средба со претседателот на Владата, Зоран Заев, и со […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Силни планетарни влијанија ве ставаат во првите редови на случувањата: иако минувате низ несигурни времиња, сепак сте расположени да им помогнете на другите и да остварите некоја заедничка цел. Можеби нема да сте расположени за долги разговори, но светот на зборовите понекогаш нема ништо ново да каже. Сменете ја перспективата. БИК: Се чини дека […]

По 20 години: Зак Позен ја затвара модната куќа


САД- По 20 години облекување на холивудските ѕвезди за црвениот ќилим, соработкaта со првата дама на САД и восхитот од модните писти, дизајнерот Зак Позен ја затвара модната куќа. Сопственикот на брендовите House of Z и Z Spoke објави дека се поздравува со своите брендови по долго финансиско и стратешко размислување за опциите кои му […]

Концерт на гитарското трио „Елогио“ во Филхармонија


Во Камерната сала на Филхармонија во петок во 20 часот ќе настапи гитарското „Трио Елогио“, основано од тројца исклучителни гитаристи – Петрит Чеку (Косово), Педро Рибеиро Родригез (Португалија) и Томислав Вукшиќ (Хрватска). На програмата се дела од Моцарт, Руждјак, Рахмањинов, Шуберт… Триото реализира голем број на концерти особено на европските фестивали. Посебен придонес даваат за […]

Гала црвен ќилим: 26. музички награди МТВ ЕМА во Севилја


Шпанија- Во Севилја по 26-ти пат се доделија музичките награди МТВ ЕМА без триумф на ниту една поп-ѕвезда, а косовската поп-ѕвезда со лондонска адреса Дуа Липа го отвори настанот со незаборавен сценски настап. Облечена во боди со полутанга и црни хулахопки, 24-годишната пејачка ги привлече погледите на сите кон сцената. Пред настапот таа се појави […]

Леди Гага ќе ја глуми вдовицата на убиениот шеф на „Гучи“


САД– По филмот „Ѕвездата е родена“, поп-ѕвездата Леди Гага е подготвена за нова улога – сопруга на убиениот наследник на модната династија Гучи, позната под прекарот „Црна вдовица“ . Имено во филмот за еден од најстрашните злосторства во историјата на Италија забележан во високото друштво, Гага ќе ја глуми Патриција Реџијани, која одлежа 18 години […]

Федерер за прв пат по 2002 година, во текот на сезоната не се најде на првото или второто место на АТП рејтингот


Англија– За прв пат од 2002 година, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не може да го достигне првото или второто место во рангирањето на АТП во текот на сезоната. Од 2003 до 2018 година, тој беше барем еднаш на некоја од првите две позиции во текот на сезоната. Триесет и осумгодишниот Швајцарец се најде на третото место […]

(Фото) Заврши Моден Викенд Скопје: Спортски гламур и емоции на крајот од јубилејното издание


Со ревија на  македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева, синоќа заврши дваесеттата сезона на најголемото домашно модно случување, кое изминатите три дена се одржуваше во Музејот на град Скопје, приклучувајќи се кон прославата на 70-тиот јубилеј на монументалниот објект во метрополата. Дека на македонската мода ѝ претстои светла перспектива, први на третиот ден од Моден Викенд Скопје […]

Палмер во посета на Белград


Србија- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер. Предвидено е Вучиќ денеска заедно со премиерката Ана Брнабиќ да се сретнат и со специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел. Палмер пред посетата на Белград, ги посети Скопје и Приштина при што […]