Дрејк го покажа синоокиот син Адонис: Семејството ми е најважно


САД– Раперот Дрејк, еден од најуспешните и најбогатите во шоу-бизнисот за прв пат во јавноста го покажа својот син Адонис (2) од врската со актерката во филмови за возрасни , Французинката Софи Брусо.

Раперот кој беше негативен на тестот за коронавирус се самоизолира. Затоа, тој сподели емотивен пост за тоа како го користи овој момент од неговиот живот- да се поврзе со неговата „внатрешна светлина“ – и сподели неколку фотографии од неговиот син Адонис Греам.

Дрејк (вистинско име: Обри Дрејк Греам) напиша дека „она што е најважно“ во моментов, е да се спознаеш себе си  и да се поврзеш „со луѓето и нештата што ти донесуваат многу радост“.

„Јас ги сакам и ми недостасува моето убаво семејство и пријатели и не можам да го дочекам а радосниот ден кога сите ќе можеме да се соединиме. Дотогаш, ве молам оставете ги вклучени вашите светла“, сподели Дрејк на социјалните мрежи.