Коронавирусот ја намали вредноста на трансферите на фудбалерите

Италија – Пандемијата на коронавирус ја погоди фудбалската индустрија доста сериозно, а трендот се очекува да продолжи.

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС ги проценува разликите во идните вредности на играчите во случај да не се играат повеќе натпревари и договорите да не се обновуваат до крајот на јуни. Така, вкупната трансферна вредност на играчите од најдобрите 5 големи првенства е намалена за 28 проценти: од 32,7 милијарди на 23,4 милијарди евра. Големината на падот варира во зависност од различни фактори, како што се возраста на играчот, должината на договорот, траекторијата на кариерата и неговиот последен настап пред паузата.

Најголема загуба во релативна смисла се однесува на постарите играчи со релативно кратки договори и кои играа помалку оваа сезона отколку во претходната. Но ова нема да ги одмине и големите играчи. Пример, проценетата вредност на Пол Погба ќе падне за скоро половина од 65 милиони до 35 милиони евра.

Најголема потенцијална загуба во процент е измерена за францускиот тим Олимпик (Марсеј): ​​минус 38 проценти. Втор најоштетен тим е Интер (Милано), чие намалување на трансферната вредност опадна за 35,7 проценти. Следат Верона (Италија) со 34,3 проценти, СПАЛ со 34,2 и Шефилд Јунајтед со 33,2.

Спротивно на тоа – најмалку забележителна загуба е регистрирана за друг француски тим – Брест, само минус 16%. Понив следи Лече заради ниската цена за стекнување фудбалери и шпанската Мајорка.