Хари и Меган се простија од титулите и фановите: Кои привилегии ги изгубија?


Англија- Од денеска тие и официјално престануваат да бидат дел од кралското семејство, со сите свои титули, но и обврски. За Меган и Хари почнува нов живот, финансиски независен, а на тој пат се простија и од популарниот кралски профил на Инстаграм, каде ги следеше повеќе од 11 милиони следачи.

Меган Маркл и принцот Хари ја напуштија Велика Британија и прво се преселија во Ванкувер, а сега и во Лос Анџелес. Британските медиуми пишруваат дека Меган Маркл таму ќе се обиде да ја оживее својата актерска кариера која ја остави поради кралското семејство.

Кои привилегии ги изгубија?

*Нема да ја претставуваат Кралицата

*Монархијата нема веќе да ги финансира

*Ќе мора да ги вратат парите за обновата на домот во Англија

*Нема да имаат службена канцеларија во Бакингамската палата

*Нема да имаат контрола врз објавувањето на папараци фотографии на Интернет