Трамп нема да го затвори Њујорк

САД – Претседателот на САД, Доналд Трамп одлучи дека нема потреба од карантин во Њујорк.

Тој претходно ја најави можноста за затворање на Њујорк и делови од Њу Џерси и Конектикат како мерки во борбата против новиот коронавирус.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо дека затворањето ќе биде „смртоносно и антиамериканско“. Тој додаде дека Њујорк ги спровел мерките на карантин, како забрана за големи собири и им наредил на луѓето да останат дома, но оти е против „затворање“.

Со повеќе од 123.000 луѓе заразени со Ковид-19, СД се први по бројот на случаи во светот, додека бројот на смртни случаи изнесува 2.200.