Ново рочиште за „Монструм“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата …

Ново рочиште за „Монструм“ на СЈО Read More »

Курц му ја честита победата на Пендаровски


Австрија – Австрискиот канцелар Себастијан Курц му го честита на Стево Пендаровски изборот за нов претседател на Република Северна Македонија. – Честитики за новозибраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ, напиша Курц на Твитер.

Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници


Верниците од исламска вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 29 дена до 3 јуни. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. На 4 јуни тие ќе слават Рамазан Бајрам. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за стари и болни …

Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници Read More »

Цел Холивуд на Мет-гала : Вечер е најважната модна писта на светот


САД- Вечерва, Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ ќе го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим, а темата на модната изложба ќе биде – Camp: Notes of Fashion (Камп: Белешки за модата). Камп во овој контекст всушност е „камп концепт“. Терминот го воведува авторката Сузан Сонтаг во еден свој …

Цел Холивуд на Мет-гала : Вечер е најважната модна писта на светот Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: На самиот почеток на работната недела сфаќате дека сте сакани: Месечината во Близнаци ви носи нови можности, на работен и на интимен план. Сѐ што ви треба е да изградите солиден систем кој што ќе функционира во следните шест месеци: поддршка од страна на некој пријател или роднина и се радувате бидејќи не сте …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Тамара заминува на Евросонг: Ќе славиме во Скопје


Опуштена, полна со енергија, и со вита линија заминува утре наутро Тамара на Евросонг во Тел Авив, Израел, каде ќе ги брани боите на Северна Македонија. На денешниот официјален прес на евровизискиот тим на поп-ѕвездата среќа и посакаа фановите, колегите и новинарите, со сино вино, колачи и маици „Proud“ каков што е насловот на нејзината …

Тамара заминува на Евросонг: Ќе славиме во Скопје Read More »

Коле Ангеловски со нова книга: Живеев филмски живот во Драмски


-За овие педесет години во Драмскиот театар живеав еден живот кој ретко кој може да го доживее и на ретко кој може да му се случи“, изјави македонскиот театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер, сценарист и писател Коле Ангеловски на промоцијата на својата книга “Педесет години во Драмски… и клоцата во…“, викендов во …

Коле Ангеловски со нова книга: Живеев филмски живот во Драмски Read More »

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни


Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и …

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни Read More »

ДИК: До 10 часот гласале 99.192 гласачи или 6,31 отсто


На гласачките места веќе три и пол часа гласањето се одвива мирно, непрекинато и без неправилности. До овој момент обработени се информации од 88,10 проценти од избирачките места. Вкупниот број на запишани избирачи во избирачките места од кои пристигнале податоци се 1.571.008 избирачи. Вкупниот број на избирачи кои гласале во избирачките места од кои се …

ДИК: До 10 часот гласале 99.192 гласачи или 6,31 отсто Read More »

Најтешки денови на данскиот милијардер: Последно збогум на трите деца


Данска– Данскиот милијардер Андерс Холф Повлсен (46), неговата сопруга Ен и преживеаната ќерка Алма, во Аархус, се простија од своите најмили, загинатите Астрид, Агнес и Алфред во терористичките напади на Шри Ланка. Данскиот милијардер е сопственик на меѓународниот синџир за трговија со облека Бестселер, кој ги опфаќа модните марки „Веро Мода“ и „Џек енд Џонс“, …

Најтешки денови на данскиот милијардер: Последно збогум на трите деца Read More »

Исламски џихад се закани: Ќе го спречиме одржувањето на Евросонг


Израел – Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа денеска се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија, кој почнува за 10 дена во Израел, јави „Тајмс оф Израел“. Учесниците денеска почнаа да пристигнуваат за натпреварот, кој ќе се одржи од 14 до 18 мај. Се очекува манифестацијата да привлече илјадници туристи …

Исламски џихад се закани: Ќе го спречиме одржувањето на Евросонг Read More »

Јапонија во новата колекција на Росица Мршиќ


Со нова фотосесија, место ревија, дизајнерката Росица Мршиќ за која се бара влезница повеќе, ја промовира новата колкеција за проелт/лето 2019 „Хијоку“. Се одликува со деликатна сензуалност и со нагласен интелектуален моден израз. Инспирацијата извлечена од јапонската орнаментална уметност и традиционалната облека е ре-моделирана за да креира нов современ јазик на форма. Како резултат е …

Јапонија во новата колекција на Росица Мршиќ Read More »

ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто


Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 10 часот изнесува 6,31 отсто, соопшти на првата прес-конференција на Државната изборна комисија портпаролката Љупка Гугучевска. Таа додаде дека на гласање до 10 часот излегле 99.192 гласачи. Според ДИК, гласањето во првите три и пол часа се одвива мирно. Во првиот круг од изборите до …

ДИК: Гласањето мирно, одѕивот до 10 часот 6,31 отсто Read More »

Ден на македонскиот јазик


Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран …

Ден на македонскиот јазик Read More »

Нестабилно, со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и особено во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 19 Целзиусов степен, Маврово 10, Охрид 15, Битола …

Нестабилно, со врнежи од дожд Read More »

Интервју со актерот Војин Ќетковиќ : Имав можност да играм значајни улоги кај Унковски и Поповски


Српскиот актер Војин Ќетковиќ (47) веќе дваесетина години е на филмската и театарска сцена на просторите на бивша Југославија, но најмногу ангажмани има во Србија. Го паметиме како Брандо во „Семејно богатство“ (Породично благо), како Мане во „Зона Замфирова“, како д-р Михајло Андреевиќ во „Монтевидео, Бог те видео“… Ќетковиќ првите актерски подвизи ги направил во …

Интервју со актерот Војин Ќетковиќ : Имав можност да играм значајни улоги кај Унковски и Поповски Read More »

Надлежности на претседателот на Републиката


Претседателот на Република Северна Македонија го изразува државното единство и ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ги врши врз основа и во рамки на Уставот и законите. Претседателот се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање. Претседателскиот мандат трае пет години, почнувајќи од свеченото положување заклетва во …

Надлежности на претседателот на Републиката Read More »

Пејачот Адријан Гаџа во бизнис води: Отвара ресторан во Скопје


Во подготовка е ново урбано место во градот и тоа по мерка и желба на пејачот Адријан Гаџа. Пејачот кој повеќе го има на сцената во Албанија отколку во Македонија, реши да оди по стапките на татко му и да се проба во угостителските води. Отвара ресторан во Скопје, кос сеуште е во изградба, ама …

Пејачот Адријан Гаџа во бизнис води: Отвара ресторан во Скопје Read More »

Седумдесет години Совет на Европа


Франција – Cоветот на Европа денеска одбележува 70 години од своето постоење, со што е најстарата европска меѓународна политичка организација, чија цел е создавање на единствена Европа врз принципите на слобода, демократија, заштита на човековите права и владеење на правото. Во заедничката изјава на генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд, претседателката на Парламентарното собрание Лилиан Мори Паские и претседателот на …

Седумдесет години Совет на Европа Read More »

Папата Франциск пристигна во Апостолска посета на Бугарија 


Бугарија– Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Северна Македонија. На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници. Во моментов на аеродромот е во тек средба на папата со премиерот Борисов. …

Папата Франциск пристигна во Апостолска посета на Бугарија  Read More »