Најтешки денови на данскиот милијардер: Последно збогум на трите деца


Данска– Данскиот милијардер Андерс Холф Повлсен (46), неговата сопруга Ен и преживеаната ќерка Алма, во Аархус, се простија од своите најмили, загинатите Астрид, Агнес и Алфред во терористичките напади на Шри Ланка.

Данскиот милијардер е сопственик на меѓународниот синџир за трговија со облека Бестселер, кој ги опфаќа модните марки „Веро Мода“ и „Џек енд Џонс“, најголем акционер во британската онлајн компанија АСОС и втор најголем акционер во германската онлајн компанија „Заландо“.

Според Форбс од 2018 година, Повлсен е најбогатиот Данец на светот со 7,9 милијарди американски долари. Тој е сопственик на 89 илјади хектари земјиште во Шкотска, со што е најголемиот сопственик на земјиште во таа земја.