Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни


Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати.