Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: На самиот почеток на работната недела сфаќате дека сте сакани: Месечината во Близнаци ви носи нови можности, на работен и на интимен план. Сѐ што ви треба е да изградите солиден систем кој што ќе функционира во следните шест месеци: поддршка од страна на некој пријател или роднина и се радувате бидејќи не сте сами. Тимска соработка.

БИК: Подгответе се за нешто специјално денес: убави информации, со кои што постигнувате емоционален баланс и чиста радост. Сензуални и елегантни, ги менувате работите што повеќе немаат никаква вредност и откривате сосема нови предели и модалитети за напредување. Ако појдете на шопинг, внимавајте и не трошете премногу.

БЛИЗНАЦИ: Можеби сте емоционално резервирани кон оние што ги сакате и треба да се запрашате зошто е тоа така? Не им дозволувајте на лажните импресии и измешани чувства да ви ствараат поголема конфузија: се прашувате што ли мисли другата страна, а и самите не сте сигурни во себе. Вложете се целосно на работен план и бидете креативни.

РАК: Запрашајте се дали сте им доволно лојални на пријателите и саканите: некои врски треба да имаат солидна основа, но ако веќе доаѓа до борба за доминација, откријте што недостасува во тој однос. Облеката не го чини човека и нема да може да ја сокриете реалноста. Бидете претпазливи и верувајте повеќе во сопствените сили.

ЛАВ: Вашата разиграност нема да наиде на соодветен одговор однадвор: одеднаш се соочувате со блокада. Тапкањето по рамена и големите пофалби треба да ви укажат дека не сте на сигуен пат: еден ќе ви извиси, другиот ќе откаже во последен момент и сѐ ќе се сведе на празен муабет. Сето ова не е од трајна природа и ќе продолжите храбро.

ДЕВИЦА: За вас важи дека сте едни од највредните работници од целиот зодијак, а денес правите нов план, со мотив да изградите поцврста основа за своите проекти. Најдете време за потребите во домот, како и за малку луксуз, сензуалност и слатки зборови. Развивајте го талентот на говор, внимавајќи на својот речник: научете како да бидете задоволни.

ВАГА: Прекрасен ден, од самиот почеток: секој ден сте сѐ поблиску до саканиот успех. Секако, прерано е да спиете на ловориките и да се релаксирате пред време, а ако ве побараат пријателите, побрзајте да им помогнете. Најдете време за проучување и така ќе ја култивирате својата личност. Со Сонцето во Бик и најтешките моменти ќе бидат полесни.

СКОРПИЈА: Денес сте вклучени во некаков вид на проект: во блиската иднина ќе зацртате нови планови и ќе се приближите до некоја специфична цел. Патиштата пред вас се отворени и ќе ги најдете вистинските пријатели на својот пат кон врвот. Верувајте малку повеќе во себе и не губете време во бескрајни докажувања или дилеми. Продолжете без полемики.

СТРЕЛЕЦ: Ќе внимавате преголемата страст да не ве одведе во погрешен правец: откако луѓето престанаа да учат од учителите, тешко е да се очекува дека тие ќе бидат учени. Не инсистирајте на своите права, бидејќи би можеле да се доведете до срамна позиција. На крајот од денот ќе успеете да размените романтична енергија со своите сакани.

ЈАРЕЦ:Плоден период, во кој што е добро да размислувате креативно: започнување на некаков проект, романса или откривање на своите таленти. Некои пријателства ќе ве научат дека додека едниот љуби, другиот го подметнува образот: прашајте се дали добро ја разбирате ситуацијата? Бидете сконцентрирани и делувајте во вистинско време.

ВОДОЛИЈА: Иако силно инсистирате, некако тешко доаѓате до саканите одговори: можеби поради некоја причина за сега не треба да знаете што ве очекува однапред. Некои информации би можеле да ве одведат во погрешен правец и да ве направат непотребно нервозни. Прилагодете се и бидете подготвени за она што ви го спремила судбината.

РИБИ: Со поголема верба во својата интуиција, од двете зла ќе го одберете помалото: стравот може да предизвика блокада и губење на контрола во важни сектори од животот. Ако се усогласите со природниот ритам и тајминг на овој циклус, ќе успеете да ги реализирате своите соништа. Не анализирајте предолго и не губете контакт со реалниот свет.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]