Нестабилно, со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и особено во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 19 Целзиусов степен, Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Кавадарци 20, Крива Паланка 17, Берово 15, Дојран 20 степени.

И за утре временската прогноза е променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе бидат во Скопје 20, Маврово 10, Охрид 14, Битола 19, Кавадарци 21, Крива Паланка 17, Берово 15, Дојран 23 степени.