Јапонија во новата колекција на Росица Мршиќ


Со нова фотосесија, место ревија, дизајнерката Росица Мршиќ за која се бара влезница повеќе, ја промовира новата колкеција за проелт/лето 2019 „Хијоку“.

Се одликува со деликатна сензуалност и со нагласен интелектуален моден израз.

Инспирацијата извлечена од јапонската орнаментална уметност и традиционалната облека е ре-моделирана за да креира нов современ јазик на форма. Како резултат е понудена модерна, космополитска колекција проникната со комплесност и нијансираност од мека кон скулптурална силуета, што може да се носи во различни пригоди.

Основниот концепт на минимализам е дополнет со интригантнo вметнување на асиметрични делови, користење на текстурни и плисирани материјали, и принтови за конструирање волуменозна форма. Користени се природни материјали од памук, свила и светликав лен во бела, црна, мека розова и летнa беж боја.

Росица Мршиќ е современ, софистициран, меѓународен бренд основан во 2009. Нејзинот јасен и архитектонски, во исто време женствен, потпис ја одразува нејзината визија за самосвесна, сензитивна жена која претпочита безвременска естетика.

Колекцијата беше промовирана на шоурумот  ‘United fashion’ кој се одржа во рамки на Модниот викенд Скопје и е во продажба во студиото и на он-лајн продавницата на Росица Мршиќ, и на интернационални онлајн продавници.(Л.С.)