Ѓоковиќ на суд поради „Адрија тур“?


Cрбија – Новак Ѓоковиќ, светски рекет број еден во тенисот, би можел да се најде во сериозна неволја поради организацијата на „Адрија Тур“. Според швајцарскиот весник „Блик“, против Новак може да се поднесе тужба за индиректно нанесување штета на луѓето. – Доколку се утврди дека биле оштетени луѓе затоа што правилата за хигиена очигледно не биле […]

Избори: СДСМ денес во скопски Центар и во Кичево, ВМРО во Кочанско, ДУИ во Гостивар


Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремните парламентрани избори на 15 јули, денеска продолжуваат со промоција на своите политички понуди на терен, преку социјалните мережи и традиционалните медиуми. На четвртиот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во скопски Центар и во Кичево, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ […]

Скопје најголемо жариште на Ковид-19, есенскиот бран ќе биде сериозен предизвик


  Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа вкупно 163 новозаразени со Ковид-19, 40 оздравени, и тројца починати. Со ова, бројката на вкупно активни случаи во земјава се искачи на 3.284. Највисоките бројки се уште се бележат во Скопје, а најмногу во Чаир. Како што соопшти вчера Министерството за здравство, од новодијагностицираните најмногу се регистрирани […]

Тачи се надеваше дека Вашингтон ќе го спаси


„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објавува делови од последното необјавено интервју со Хашим Тачи пред откривањето на обвинението за воени злосторства. Шанса за нов почеток на Косово, оценуваат други медиуми   Новинарот на Франкфуртер алгемајне цајтунг Михаел Мартенс минатата недела разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во пресрет на најавената средба со српскиот колега Александар Вучиќ во Вашингтон. […]

Сончево и топло до 34 степени, попладне дожд и грмежи


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. […]

„Њујорк тајмс“: Меѓу новозаразените во САД има голем број млада популација


САД– Во американските сојузни држави и градовите, каде овие денови се шири заразата со коронавирусот, меѓу заразените има се поголем број млада популација, па официјалните претставници повторно повикуваат за примена на превентивните мерки, како носење заштитни маски и одржување физичка дистанца, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Младите луѓе сочинуваат речиси половина од новозаразените во Аризона, а […]

„Дали се сеќаваш“ – поезијата на Петре М. Андреевски во изведба на Дуке Бојаџиев и Наташа Петровиќ (видео)


Македонскиот продуцент, композитор и пијанист Дуке Бојаџиев денеска на својата фејсбук страница објави видео во кое младата актерка Наташа Петровиќ, во негова придружба, ја интрепретира „Дали се сеќаваш“ – од Петре М. Андреевски. Петре М. Андреевски (25.06.1934, с. Слоештица – 25.09.2006, Скопје) е поет, прозаист, драмски автор, литературен критичар и преведувач, кој со својот многудецениски […]

Во Бугарија уапсен шефот на одделот за борба против наркотици


Бугарија– Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици. – Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во […]

Данската премиерка по вторпат ја одложува својата венчавка


Данска – Данската премиерка Мета Фредериксен уште еднаш ќе ја одложи својата венчавка, планирана за следниот месец, овој пат заради самитот на Европската унија на кој ќе се расправа за буџетот на европскиот блок. „Средбата на Советот во Брисел ќе се одржи во сабота во јули, кога ја планиравме свадбата“, напиша Фредериксен на Инстаграм, пренесена од […]

Зимската Бела куќа на Кенеди во Палм Бич продадена за 70 милиони долари


САД– Летната куќа за одмор на Џон Кенеди и Џеки наречена како „Зимската Бела куќа“, во Палм Бич, со поглед на океанот, е продаденa за 70 милиони долари. Импресивниот дом во медитерански стил за прв пат бил купен во 1940-тите години од Џозеф П. Кенеди , таткото на претседателот Кенеди и останал во семејството до […]

Првпат од 2015 година зголемен бројот на барања за азил во ЕУ


Белгија – Бројот на барања за азил во Европска Унија во 2019 година првпат бележи пораст од мигрантската криза во 2015 година, а повеќе од половина барањата примиле Германија, Франција и Шпанија, се наведува во извештајот на Европската канцеларија за поддршка на азилот (ЕАСО). Минатата година околу 740.000 барања за азил се поднесени во ЕУ, што […]

За викендот пороен дожд, грмежи и ветер, од понеделник многу топло


За време на викендот синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Нестабилното време особено ќе биде застапено во западните делови од земјава. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст така што во среда максималната температура ќе достигне до 39-тиот степен. […]

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот


Aвстрија – Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра. На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди – на 155 милијарди евра. Годинешниот список на 100 најбогати Австријци […]

Трет ден кампања за парламентарните избори 2020


Трет ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020. Партиите продолжуваат со своите активности, кои се одвиваат паралалено и на социјалните мрежи и со посета на градовите и на населените места во земјата. Од терен и од снимките се гледа дека партиите се обидуваат да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Лидерите се […]

„Новартис“ казнета поради корупција и мито


САД– Светската фармацевтска компанија „Новартис“ со седиште во Базел, Швајцарија, е казнета за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција и во Виетнам со цел на пациентите да им се препишуваат нејзините лекови и да се користи нејзината хирушка опрема. Министерството за правда на САД соопшти дека „Новартис“ во Грција се согласи […]

Билт: Тачи ќе биде уапсен доколку обвинението биде потврдено


Косово – Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него. Во изјавата за „ГЗЕРО Медиа“, тој оцени дека доколку има судење, заштитата на сведоците ќе биде „поголем проблем“, пренесе синоќа Косово онлајн. -Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи […]

„Волстрит џурнал“: САД сакаат вештачки да ја зголемаат конкуренцијата со „Хуавеј“


Aнглија– Администрацијата на САД веќе подолго време подготвува план за преземање на европските компании „Ериксон“ и на „Нокиа“ од американски технолошки и телекомуникациски конзорциуми со цел вештачки да ја засили конкуренцијата со кинеската телекомуникациска корпорација „Хуавеј“, објави „Волстрит џурнал“. Весникот наведува дека планот не е реализиран поради пандемијата со новиот коронавирус. „Волстрит џурнал“ наведува дека […]

Основан Фонд за жртвите на Џефри Епстајн


Англија – Речиси една година по неговото апсење, основан е Фондот за жртвите на сексуална злупотреба на милионерот Џефри Епстајн. Жртвите на овој начин ќе можат да бараат надомест на штета од неговото богатство кое тој го остави по смртта. Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, тоа се проценуваше на околу 636 милиони долари. Многу од […]

Бил Гејтс не верува во ефикасноста на вакцината против Ковид-19


САД –  Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, предупреди дека вакцината против коронавирусот може да не биде многу ефикасна како бариера за ширење на инфекцијата. Во интервју за Си-Ен-Ен тој го објасни својот песимизам на следниов начин: „Кога развиваат вакцина истражувачите се водат од две карактеристики – превенција на болеста со вакцинацијата и спречување на пренесување на […]

Во Бразил за еден ден регистрирани 39.483 новозаболени лица


Бразил– Во  Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство. Со тоа вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 1.228.114 лица, со што Бразил  е на второ место зад САД и има двојно повеќе заразени лица од Русија, која е на […]