Одобрени специјалните мерки за Австралија опен 2021 година


Австралија– Организаторите на Австралија опен го одобрија планот за организација на турнирот во 2021 година. Извршниот директор на Тенис Австралија – Крег Тили, објасни дека играчите ќе бидат сместени во т.н. „меур“ (нема контакт со надворешни лица), а од трибините ќе бидат тргнати седиштата, со цел социјална дистанца. Тили додава дека организаторите ќе ги следат […]

Измамени граѓани за огревно дрво и со лажни сообраќајки


Полицијата повторно бележи пријави од граѓани измамени за пари за огревно дрво и за сообраќајни несреќи што не се случиле. Во Полициската станица Бит-пазар вчера во 18 часот 85-годишна жена од Скопје пријавила дека претходниот ден била измамена од едно лице. Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон и се јавило лицето и се претставило […]

Британската Влада апелира до граѓаните да учествуваат во клиничките испитувања за вакцината против Ковид-19


Англија-Британската Влада апелира до граѓаните да помогнат во забрзување на истражувањата за вакцината против коронавирусот со нивно доброволно учество во клиничките испитувања, пишува „Гардијан“. Министерот за економија, Алок Шарма, во колумна објавена во денешниот „Дејли мејл“ ги повика волонтерите да учествуваат во клиничките испитувања. Тој рече дека целта е да се забрза истражувањето за вакцината, […]

Попладне и во вечерните и ноќни часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


УХМР за попладнево и за вечерните и ноќни часови најавува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авионските пристигнувања во Грција од Романија и Бугарија


Грција– Од вторник 28 јули сите оние кои во Грција ќе пристигнат авионски од Бугарија и Романија, задолжително ќе биде да имаат негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето, соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е донесена „врз основа на анализа […]

Шкријељ замина од Труд, Ангеловска останува министер за финансии


Покрај во МВР, смени се направија и во другите министерства. Од Министерството за труд и социјална политика си замина дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ, при што ова министерство до формирањето на новата влада ќе биде раководено од досегашниот заменик министер Ѓонул Бајрактар. Според Пржинскиот договор, по објавувањето на конечните изборни резултати од дополнителните заменички места […]

Во Италија просечната возраст на заразените со коронавирус е околу 40 години


Италија – Во Италија, каде жаришта на Ковид-19 се забележани во речиси сите региони, просечната возраст на заразените лица сега е околу 40 години, додека во најтешкиот период на епидемијата во таа земја беше над 60 години, соопшти италијанското Министерство за здравство и Високиот институт за здравје. Просечната возраст на заразените сега е околу 40 години, […]

Чулев замина, Нухиу стана министер за внатрешни работи 


Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска  официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој како кадар на ДУИ беше негов заменик во МВР. – По денешното примопредавање на должноста, согласно со постојните законски одредби, Нухиу ќе раководи со Министерството до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, […]

Новите странски студенти нема да можат да одат во САД ако предавањата се одржуваат онлајн


САД– Федералната служба за имиграција соопшти дека новите студенти од странство нема да можат да влезат во САД доколку имаат предавања само преку Интернет во есенскиот семестар. Во писмото до факултетите, американската Служба за царини и имиграција соопшти дека студентите кои не се запишани до 9 март годинава „најверојатно нема да можат да добијат визи“ […]

Идните пратеници и за викенд по уверенија во ДИК (фото)


Државната изборна комисија денеска на јавната седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Лично или преку овластени претставници беа подигани уверенијата за пратеници во ДИК. Фитим Лога, овластениот претставник на ДУИ прв дојде во ДИК да ги подигне нивните уверенија, потоа лично Даниела Христова од ВМРО-ДПМНЕ, па […]

Западен Балкан, внатрешниот двор на Европа


Одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија беше крајно потребна. Корона-кризата покажа колку е важно државите да се врзат за Европа, оценува Аделхајд Фајлке Среќни се оние кои имаат внатрешен двор во овие времиња на корона. Би било уште подобро ако се има раскошна градина, но иако дворот, кој не […]

Недемократските тези и популистички изјави може да го отежнат стартот на преговорите со ЕУ, предупредува Советот на амбасадори


Советот на амбасадори одлучно е против настапите на поедини партиски челници со популистички изјави и услови во предвечерјето на официјални разговори за идната коалициона влада и предупредува дека недемократски тези можат повторно да ги забавуват процесите и да го отежнуваат стартот на преговорите со ЕУ. Во соопштение во пресрет на процесот на формирање коалициона влада, […]

Албанија: Тестирање за Ковид-19 во приватни установи, но само за оние кои патуваат надвор од земјата


Албанија– Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, дозволи вршење на молекуларни тестови РТ-ПЦР за САРС-КОВ-2 во приватни лаборатории од, како што се наведува, административни причини. Но,според одлуката, дозволено е тестирање само за оние лица кои имаат барање за документ, со кој се потврдува дека не се заразени со опасниот вирус, за да може […]

Рекорден број новозаразени со коронавирус на сите континенти


Англија – Во речиси 40 држави во текот на минатата недела беа евидентирани рекорден број на новозаразени во еден ден и тоа скоро двојно од седмицата претходно, што според анализата на Ројтерс покажува дека пандемијата ги зафатила сите светски региони. Како што пренесува Хина, стапката на заразени не е зголемена само во државите како САД, Бразил […]

ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат


Државната изборна комисија денеска на јавната седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Според конечните резултати, Коалиција „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, Левица 2 и ДПА 1 мандат. Според конечните резултати кои денеска ги објави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалиција „Можеме“ предводена од […]

Белата куќа инсистира децата да се вратат во училиште без разлика дали се преносители на вирусот


САД – Децата треба да се вратат во училиште, дури и ако идните студии откријат дека тие се преносители на новиот коронавирус, затоа што со помала веројатноста дека ќе развијат потешки форми на болеста, изјави секретарката за печат на Белата куќа, Кејли Мекеани. Американскиот претседател Доналд Трамп настојува на повторно отворање на училиштата кои нагло се […]

Ураганот Даглас се заканува на Хаваи


Хаваи – Силниот ураган од трета категорија Даглас, со брзина на ветрот од 190 километри на час преку Тихиот океан, се очекува да погоди делови од Хаваите овој викенд, објави Националниот центар за урагани. Даглас може да биде првиот ураган што ќе ги погоди САД среде пандемија на коронавирус, што ќе ги отежни безбедносните планови на […]

Мбапе разговараше за повредата со Макрон


Франција– Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе доживеа повреда во финалето на Купот на Франција против Сент Етјен и беше присилно заменет во средината на првото полувреме. Денес ќе има поголема јасност за состојбата на фудбалерот кој претрпе повреда по груб влез на Лоик Перин. Иако Мбапе изгледаше прилично вознемирен кога го напушти теренот, […]

Дојран ќе биде полн до 10 август


Комерцијалните сместувачки капацитети во сите хотели на дојранскиот брег, од почетокот на месецот па најмалку до 10 август, се полни до последно место од домашни гости кои престојот си го резервираа со туристичките ваучери, поради што хотелиерите велат дека ова им е период на ,,ваучерски туризам“ во Дојран. Хотелиерите и угостителите се едногласни во оценката […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19


Русија– Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде бесплатна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. – Штом се појави, ќе започнеме со кампања за вакцинирање. Вакцинацијата ќе биде бесплатна. Сите амбуланти и поликлинички мрежи ќе работат на тоа. Секако, оваа година треба да ја зајакнеме вакцинацијата против грип за да немаме две есенски епидемии, изјави Собијанин за […]