ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Фото: Б. Грданоски

Државната изборна комисија денеска на јавната седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Според конечните резултати, Коалиција „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

Според конечните резултати кои денеска ги објави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, Коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89%, освоени 46 мандати, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57%, односно 44 мандати.

Партијата ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48% – 15 мандати. Коалиција Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8% со 12 мандати. Левица – 37.426 гласови или 4,1% – 2 мандати и ДПА – 13.930 гласови или 1.53% – 1 мандати

1 КОАЛИЦИЈА МОЖЕМЕ
327,408 35.89% 46
2 ВМРО – ДПМНЕ и други
315,344 34.57% 44
3 ДУИ
104,699 11.48% 15
4 АА / A
81,620 8.95% 12
5 ЛЕВИЦА
37,426 4.1% 2
6 ДПА
13,930 1.53% 1
7 ИНТЕГРА
12,291 1.35% 0
8 ГДУ
3,555 0.39% 0
9 МОРО
3,245 0.36% 0
10 ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА
2,802 0.31% 0
11 ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА
2,604 0.29% 0
12 СДУ
2,585 0.28% 0
13 ТВОЈА
1,894 0.21% 0
14 ДЕМОКРАТИ
1,558 0.17% 0
15 НП НА РОМИТЕ
1,225 0.13% 0

Од партии кои учествуваат на овие избори се Интегра со 12.291 глас или 1,35%, ГДУ со 3.555 гласови или 0,39%, МОРО работничка партија 3.245 гласови или 0,36 проценти Глас за Македонија 2800 или 0,31 процент, ЕдинствеМакедонија 2.600 гласа или 0, 29 проценти, СДУ 2.585 о,28, Твоја Партија1894 гласови или 0,21 процент, Демократи 1558 гласови 0,17 проценти Народна Партија на роми 1225 о,13 проценти.