Одобрени специјалните мерки за Австралија опен 2021 година


Австралија– Организаторите на Австралија опен го одобрија планот за организација на турнирот во 2021 година. Извршниот директор на Тенис Австралија – Крег Тили, објасни дека играчите ќе бидат сместени во т.н. „меур“ (нема контакт со надворешни лица), а од трибините ќе бидат тргнати седиштата, со цел социјална дистанца.

Тили додава дека организаторите ќе ги следат Гренд-слем турнирите во САД и Франција за дополнителни идеи. Една од тековно дискутираните е забраната за присуство на странски посетители.

– Имавме многу опции и избравме специфично сценарио за турнирот. Нема да го достигнеме минатогодишниот број на посетители – вкупно 821 илјади, но можеби ќе им дозволиме пристап на навивачите од Мелбурн, Викторија и евентуално Нов Зеланд, доколку земјата ги отвори своите граници. Сепак, 15 отсто што доаѓаат од странство најверојатно нема да бидат овде, рече Тили во интервју.