Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат мерките за заштита

Фото: Б. Грданоски

Нови 129 случаи со Ковид-19 од 1.535 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Починаа шест пациенти, пет од Скопје и еден од Струга. Регистрирани се 109 оздравени пациенти.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 45, Штип – 25, Гостивар  и Тетово по девет случаи, Куманово – 7, Битола и Кичево по шест случаи, Струга – пет, Прилеп – четири, Охрид, Кочани и Свети Николе по три случаи, Дебар, Кавадарци, Демир Хисар и Делчево по еден случај.

Фото: Б. Грданоски

 

Од 109 оздравени пациенти, најмногу се во Скопје – 60, Куманово – 7, Штип – 16, Прилеп – 1, Тетово – 12, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 6, Виница – 1. Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на Ковид -19.

Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројот на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.

Фото: Б. Грданоски

Надлежните посочуваат дека единствен начин за излез од оваа здравствена криза е задолжително носење маски и одржување физичка дистанца.