Кастекс: Франција ги заострува условите за влез во земјата поради коронавирусот


Жан Кастекс

Франција– При посетата на аердромот Роаси, во Париз, францускиот премиер Жан Кастекс најави дека тестовите за коронавирус ќе бидат задолжителни за сите патници кои доаѓаат од ризичните земји, вкупно шеснаесет, јави дописникот  на МИА.

Одлуката за заострување на мерките за влез на француска територија е донесена на последниот Совет за одбрана, што беше посветен на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот, а предизвика засилување на конторолите на границите.

Оваа општа мерка за тестирање на патниците при пристигнувањето на аеродромите премиерот Кастсекс ја најави поради тешкотиите да се направат тестови во одредни земји. Оваеамерка се однесува на патниците кои доаѓаат од 16 земји ставени на „црвената листа“, Северна Македнија не е на оваа листа, но тука се соседна Србија, Црна Гора и Турција меѓу другите.

За француските државјани кои живеат во овие земји и кои исто така имаат главно живеалиште во Франција, исто така, ќе бидат задолжителни тестовите.

Шефот на француската влада, исто така, ги посоветува сограѓаните да не патуваат во Каталонија.