Втор ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2019 година


Пратениците денеска втор ден ќе расправаат по Дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2019 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари, а дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување …

Втор ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2019 година Read More »

Свиркачот на Трамп бара заштита


САД – Американски официјални претставници презедоа мерки за безбедност за да заштитат припадник на разузнавачката служба, односно свиркачот чија изјава минатата недела предизвика процес за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Адвокатите на свиркачот во писмо до директорот на Националната разузнавачка служба изразија загриженост дека безбедноста на нивниот клиент може да биде загрозена откако Трамп посочи …

Свиркачот на Трамп бара заштита Read More »

Стотици останаа без возачка на Октоберфест поради возење е-тротинет во пијана состојба


Германија – Германската полиција објави дека на стотици корисници на електрични тротинети им ги одземале возачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест. Вкупно 414 лица се фатени како возеле е-тротинети во пијана состојба, од кои 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение. Полициските …

Стотици останаа без возачка на Октоберфест поради возење е-тротинет во пијана состојба Read More »

Камион удри во осум автомобили во Германија, најмалку 17 повредени


Германија – Најмалку 17 лица се повредени кога неидентификуван маж удри во неколку возила во центарот на Лимбург, Германија со украден камион, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случи вчера попладне. Повреден е и возачот на украдениот камион, кој е приведен. Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено да се работи за терористички …

Камион удри во осум автомобили во Германија, најмалку 17 повредени Read More »

Денови пред Европскиот совет: Северна Македонија испорача, на потег е ЕУ


Претстојниот Европски совет се смета за клучен, се очекува конечен пресврт во евроинтеграциските процеси на земјата и зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија. Датумот е само првичната точка од патот за целосно интегрирање, на кој земјава ќе отвора поглавје по поглавје од вкупно 35, почнувајќи со најтешките – 23 што се однесува …

Денови пред Европскиот совет: Северна Македонија испорача, на потег е ЕУ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Бидете подготвени за пораки со подлабок карактер и не гледајте ги работите црно-бело: некаков вид покана, која носи потенцијал за духовно и емоционално будење. Започнување на креативен проект, кој ќе ве исполни со радост и средба со личност со која што ве поврзуваат повеќе заеднички работи. БИК: Радувајте се бидејќи се приближувате кон помирни …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Лук Бесон повторно на суд за силување


Франција – Француски суд повторно ја отвори истрагата во случајот против режисерот Лук Бесон, кој е обвинет за силување. Белгиско-холандската актерка Санд Ван Рој во мај 2018 година подигна обвинение против режисерот, за силување во еден париски хотел. Бесон не беше испрашуван со месеци по подигнување на обвинението. По неговото сведочење во октомври и декември …

Лук Бесон повторно на суд за силување Read More »

Тамара со настап во Мадрид: Почна европската турнеја


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска ја почна европската турнеја. Завчера настапи во Мадрид, Шпанија, а ја чекаат концертите на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30 ноември во Келн, Германија. Тамара годинава со седмото место на „Евросонг“ и го донесе најдобриот пласман на Македонија.

Еколошки протести во 60 градови ширум светот


Австралија– Активисти против климатски промени денеска во 60 градови низ целиот свет го блокираат сообраќајот, банките, министерствата и трговските центри за да предупредат на „климатската и еколошка катастрофа што ни се заканува на сите“. Стотици демонстранти ги блокираа патиштата во австралиските градови денеска наутро. Во Сиднеј полицијата уапси 30 демонстранти за одбивање да се симнат …

Еколошки протести во 60 градови ширум светот Read More »

Во Турција се продаваат два острови


Турција – Острови близу југозападната провинцијата Мугла и западна Баликешир се пуштени во продажба на интернет, објави весникот „Сабах“. Остров близу Мумарис во Мугла е објавен по цена од 210 милиони фунти (36,7 милиони долари), и е пуштен во продажба на 22 септември од турски бизнисмени, кои живеат во САД. На островот има три малечки одвоени …

Во Турција се продаваат два острови Read More »

Холандија ќе се преименува во Нидерланд


Холандија – Владата во Хаг одлучи да го ребрендира името на државата од Холандија во Нидерланд, како дел од обидите за подобрување на глобалниот имиџ. Властите оценуваат дека треба да се обнови сликата за земјата, бидејќи името Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери. Новиот имиџ на земјата ќе се гради …

Холандија ќе се преименува во Нидерланд Read More »

Во МСУ предавање на шведскиот професор Марк Басин


Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн“ во Стокхолм и визитинг  професор на универзитетот „Упсала“, како и соработник на Шведскиот институт. Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија. Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот“ …

Во МСУ предавање на шведскиот професор Марк Басин Read More »

„Мулен руж“ слави 130 години постоење


Франција- Француското кабаре Мулен Руж познат по своите танчерки во скудни костими со пердуви, оваа недела слави 130 години постоење. Во Мулен Руж секоја вечер се нудат две претстави во кои танцуваат и пејат 60 изведувачи од различни земји. Цената на влезници е до неколку стотини евра. Околу 600 илјади посетители, колку што годишно го …

„Мулен руж“ слави 130 години постоење Read More »

Владина делегација предводена од вицепремиерот Анѓушев во посета на Чешка


Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре ќе престојува во посета на Брно, Чешка каде се одржува Меѓународниот инженерски саем кој е еден од најважните индустриски саеми во Централна Европа. Владината делегација, во чиј состав се и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на регулативата …

Владина делегација предводена од вицепремиерот Анѓушев во посета на Чешка Read More »

Карл Лагерфелд e господар на шминката: Нова козметичка линија за Лореал


Франција –Моделите Дуцен Крус, Су Ју Парк и Луиз Бурњон се појавуваат во рекламната кампања за новата козметичка колекција на L’Oréal Paris.Колекцијата е во чест на модниот гениј Карл Лагерфелд и е насловена L’Oréal Paris x Karl Lagerfeld. Козметичките производи ќе бидат пуштени во продажба на глобално ниво на 27ми септември. Лагерфелд, креативниот директор на …

Карл Лагерфелд e господар на шминката: Нова козметичка линија за Лореал Read More »

Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред


Шпанија – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол против Севиља, синоќа во натпревар од 8. коло од Шпанското фудбалско првенство (4:0). Аргентинецот го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а овој гол беше негов прв од мај. Меси стана првиот фудбалер во 21 век кој има реализација 16 последователни сезони во Ла Лига, почнувајќи од …

Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред Read More »

Почнува пленарната расправа за ребалансот на буџетот


Се очекува деновиве пратениците да го донесат ребалансот на буџетот за оваа година, кој е ставен на дневен ред на пленарната седница што почнува денеска. Владата на последната седница го усвои дополнетиот текст на ребалансот на буџетот, заедно со амандманите што беа прифатени во текот на десетдневната расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Како …

Почнува пленарната расправа за ребалансот на буџетот Read More »

Дебата за Преспанскиот договор и научените лекции


Панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива“ ќе биде одржана денеска во Министерството за надворешни работи. Дебатата се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019:„Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави“, што од 6 до 9 октомври ја организираат МНР и …

Дебата за Преспанскиот договор и научените лекции Read More »

Се сврши Џејмс, братот на Кејт Мидлтон


Англија-По една година врска, се сврши бизнисменот Џејмс Мидлтон (32), братот на Кејт и Пипа Мидлтон. Среќната невеста е финансискиот експерт Ализа Тевенет (29). Џејм за идната сопруга избрал свршенички прстен со сафир, сличен на прстенот со кој принц Вилијам се сврши со Кејт Мидлтон а припаѓаше на неговата мајка, леди Дијана.  

ЈУ Национален парк „Пелистер“ го одбележува Денот на заштита на Динаридите


Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола денес го одбележува 7. Октомври – Ден на заштита на Динаридите,  востановен годинава на 29 мај на Генерално Собрание на „Парковите Динариди – мрежа на заштитени области на Динаридите“. Одлуката е донесена во Паркот на природа Блидиње во Босна и Херцеговина од мрежа национални паркови во која членува и ЈУ Национален …

ЈУ Национален парк „Пелистер“ го одбележува Денот на заштита на Динаридите Read More »