Карл Лагерфелд e господар на шминката: Нова козметичка линија за Лореал


Франција –Моделите Дуцен Крус, Су Ју Парк и Луиз Бурњон се појавуваат во рекламната кампања за новата козметичка колекција на L’Oréal Paris.Колекцијата е во чест на модниот гениј Карл Лагерфелд и е насловена L’Oréal Paris x Karl Lagerfeld. Козметичките производи ќе бидат пуштени во продажба на глобално ниво на 27ми септември.

Лагерфелд, креативниот директор на „Шанел“ и на „Фенди“, никогаш не се интересираше само за облека. Германскиот визионер кој беше и дизајнер, и фотограф, и илустратор, бил вклучен во секој аспект на она што се случува на модната писта. Иако тој беше човек со многу страсти, шминката беше важен дел од неговиот креативен идентитет. Всушност, тоа беше неопходна алатка што се појавуваше дури и на неговите табли за цртање.

„Во текот на изминатите три децении, секогаш кога Карл скицираше за модна ревија, па дури и потехнички за дизајнерите во својата работилница, тој користеше сенка за очи“, објаснува Каролин Лебар, шефот за комуникација и имиџ за Карл Лагерфелд, во внатрешноста на ателјето на марката на „Ру Сен Гијом“ во Париз.

„Тој го правеше тоа затоа што веруваше дека сенките за очи имаат максимална можност за боја. Тој широк спектар се филтрираше во легендарните дизајни на Лагерфелд, од твид-костумите во „Шанел“ до култните чанти „багет“ во „Фенди“. Карл гради приказна со секоја колекција и немаше поделба помеѓу шминкањето и облеката. Тој имаше визија за тоа како моделот ќе се облече. Каква ќе биде нејзината шминка. Каква ќе ѝ биде косата“, вели Лебар.


Од силен ајлајнер до силни бои на сенки за очи и светлоцрвени марки на кармин, на „Шанел“ секогаш може да се потпрете за инспирација за убавина. Затоа беше сосема нормално за Лагерфелд, кој исто така се чинеше дека е вистински господар на соработките, да ги вмеша и своите прсти во играта со шминка. Во 2011 година модната куќа „Карл Лагерфелд“ објави опсег на капсулна колекција шминка со „Сефора“, а во 2018 година ги здружи силите со компанијата за убавина „Моделко“ за друга колекција со ограничено издание. Но, пред неговата смрт во февруари, Лагерфелд работеше на досега најголемата соработка за убавина: колекцијата „Карл Лагерфелд и Лореал Париз“, која го направи своето европско деби за време на Модната недела во Париз и ќе пристигне во САД на почетокот на 2020 година.

Финализирани од брендот и од тимот на Лагерфелд по неговата смрт, овие производи за убавина ја следат линијата помеѓу класичната француска женственост и суровата рокерска естетика на „вечерната, жива шминка“, вели глобалниот директор за шминка на „Лореал“, Вал Гарланд.

Има палета на сенки за очи, (од оникс и темносина до металносребрена и темновилоетова), од најцрната досега пигментирана маскара, течен ајлајнер и шест живописни кармини (од портокалово-црвено до длабоко виолетово).

„Карл најмногу ги сакаше црната, белата и црвената боја“, вели Гарланд. „А сепак, колекцијата е исполнета со боја. Тој сакаше да пренесе дека може да играте со тоа“.

Канализирајќи ја естетиката на Лагерфелд, Гарланд работеше на кампањата за соработката, во која учествуваа светски ѕвезди како актерките Хелен Мирен и Ева Лонгорија, меѓу другите познати жестоки жени, и истакнува многу од најпознатите моменти на Лагерфелд.

„Кога мислам за Карл, мислам на еден од неговите ‘Карлизми’ – ‘Елеганцијата е став’ – затоа што тој секогаш сакаше неговата жена да биде и да се чувствува убава, но со плус нешто интересно“, објаснува Гарланд, кој на Модната недела во Париз ѝ даде на Мирен сјајна црвена усна, а на Парк смели обратни мачкини очи додека тие го канализираа Лагерфелд со прашкасти капи и кожени нараквици за кичестата кампања.

Со колективната желба на индустријата да се зачува наследството на Лагерфелд, започнувањето на неговата најмасовна и експанзивна колекција на шминка доаѓа во клучно време.

„Кога се работи за модата, околу неа може да има еден вид на ексклузивност“, вели Лебар. „Но, шминката е насекаде, што значи дека Карл е насекаде. Има толку голема моќ во тоа“.