Лук Бесон повторно на суд за силување


Франција – Француски суд повторно ја отвори истрагата во случајот против режисерот Лук Бесон, кој е обвинет за силување. Белгиско-холандската актерка Санд Ван Рој во мај 2018 година подигна обвинение против режисерот, за силување во еден париски хотел. Бесон не беше испрашуван со месеци по подигнување на обвинението. По неговото сведочење во октомври и декември …

Лук Бесон повторно на суд за силување Read More »

Тамара со настап во Мадрид: Почна европската турнеја


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска ја почна европската турнеја. Завчера настапи во Мадрид, Шпанија, а ја чекаат концертите на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30 ноември во Келн, Германија. Тамара годинава со седмото место на „Евросонг“ и го донесе најдобриот пласман на Македонија.

Еколошки протести во 60 градови ширум светот


Австралија– Активисти против климатски промени денеска во 60 градови низ целиот свет го блокираат сообраќајот, банките, министерствата и трговските центри за да предупредат на „климатската и еколошка катастрофа што ни се заканува на сите“. Стотици демонстранти ги блокираа патиштата во австралиските градови денеска наутро. Во Сиднеј полицијата уапси 30 демонстранти за одбивање да се симнат …

Еколошки протести во 60 градови ширум светот Read More »

Во Турција се продаваат два острови


Турција – Острови близу југозападната провинцијата Мугла и западна Баликешир се пуштени во продажба на интернет, објави весникот „Сабах“. Остров близу Мумарис во Мугла е објавен по цена од 210 милиони фунти (36,7 милиони долари), и е пуштен во продажба на 22 септември од турски бизнисмени, кои живеат во САД. На островот има три малечки одвоени …

Во Турција се продаваат два острови Read More »

Холандија ќе се преименува во Нидерланд


Холандија – Владата во Хаг одлучи да го ребрендира името на државата од Холандија во Нидерланд, како дел од обидите за подобрување на глобалниот имиџ. Властите оценуваат дека треба да се обнови сликата за земјата, бидејќи името Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери. Новиот имиџ на земјата ќе се гради …

Холандија ќе се преименува во Нидерланд Read More »

Во МСУ предавање на шведскиот професор Марк Басин


Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн“ во Стокхолм и визитинг  професор на универзитетот „Упсала“, како и соработник на Шведскиот институт. Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија. Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот“ …

Во МСУ предавање на шведскиот професор Марк Басин Read More »

„Мулен руж“ слави 130 години постоење


Франција- Француското кабаре Мулен Руж познат по своите танчерки во скудни костими со пердуви, оваа недела слави 130 години постоење. Во Мулен Руж секоја вечер се нудат две претстави во кои танцуваат и пејат 60 изведувачи од различни земји. Цената на влезници е до неколку стотини евра. Околу 600 илјади посетители, колку што годишно го …

„Мулен руж“ слави 130 години постоење Read More »

Владина делегација предводена од вицепремиерот Анѓушев во посета на Чешка


Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре ќе престојува во посета на Брно, Чешка каде се одржува Меѓународниот инженерски саем кој е еден од најважните индустриски саеми во Централна Европа. Владината делегација, во чиј состав се и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на регулативата …

Владина делегација предводена од вицепремиерот Анѓушев во посета на Чешка Read More »

Карл Лагерфелд e господар на шминката: Нова козметичка линија за Лореал


Франција –Моделите Дуцен Крус, Су Ју Парк и Луиз Бурњон се појавуваат во рекламната кампања за новата козметичка колекција на L’Oréal Paris.Колекцијата е во чест на модниот гениј Карл Лагерфелд и е насловена L’Oréal Paris x Karl Lagerfeld. Козметичките производи ќе бидат пуштени во продажба на глобално ниво на 27ми септември. Лагерфелд, креативниот директор на …

Карл Лагерфелд e господар на шминката: Нова козметичка линија за Лореал Read More »

Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред


Шпанија – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол против Севиља, синоќа во натпревар од 8. коло од Шпанското фудбалско првенство (4:0). Аргентинецот го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а овој гол беше негов прв од мај. Меси стана првиот фудбалер во 21 век кој има реализација 16 последователни сезони во Ла Лига, почнувајќи од …

Меси е првиот играч во 21 век кој постигнал гол 16 сезони по ред Read More »

Почнува пленарната расправа за ребалансот на буџетот


Се очекува деновиве пратениците да го донесат ребалансот на буџетот за оваа година, кој е ставен на дневен ред на пленарната седница што почнува денеска. Владата на последната седница го усвои дополнетиот текст на ребалансот на буџетот, заедно со амандманите што беа прифатени во текот на десетдневната расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Како …

Почнува пленарната расправа за ребалансот на буџетот Read More »

Дебата за Преспанскиот договор и научените лекции


Панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива“ ќе биде одржана денеска во Министерството за надворешни работи. Дебатата се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019:„Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави“, што од 6 до 9 октомври ја организираат МНР и …

Дебата за Преспанскиот договор и научените лекции Read More »

Се сврши Џејмс, братот на Кејт Мидлтон


Англија-По една година врска, се сврши бизнисменот Џејмс Мидлтон (32), братот на Кејт и Пипа Мидлтон. Среќната невеста е финансискиот експерт Ализа Тевенет (29). Џејм за идната сопруга избрал свршенички прстен со сафир, сличен на прстенот со кој принц Вилијам се сврши со Кејт Мидлтон а припаѓаше на неговата мајка, леди Дијана.  

ЈУ Национален парк „Пелистер“ го одбележува Денот на заштита на Динаридите


Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола денес го одбележува 7. Октомври – Ден на заштита на Динаридите,  востановен годинава на 29 мај на Генерално Собрание на „Парковите Динариди – мрежа на заштитени области на Динаридите“. Одлуката е донесена во Паркот на природа Блидиње во Босна и Херцеговина од мрежа национални паркови во која членува и ЈУ Национален …

ЈУ Национален парк „Пелистер“ го одбележува Денот на заштита на Динаридите Read More »

Би-Би-Си: Се појави и втор свиркач против Трамп


Англија– Во процесот за смена на американскиот претседател Доналд Трамп се случи изненадување бидејќи се појави и втор свиркач, соопштија адвокати кои го застапуваат првиот свиркач. Адвокатот Марк Заид рече дека и тој изнел информации за обиди на Трамп да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да го истражи неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател и …

Би-Би-Си: Се појави и втор свиркач против Трамп Read More »

Џонсон побара од Макрон да го „протурка“ договорот за Брегзит


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон побара од францускиот претседател Емануел Макрон да „протурка“ да се обезбеди договор за Брегзит, соопшти синоќа кабинетот на Џонсон. Џонсон исто така му рече на Макрон дека Европската унија не треба погрешно да верува дека Велика Британија ќе остане во ЕУ по 31 октомври. Џонсон разговарал за неговиот предлог …

Џонсон побара од Макрон да го „протурка“ договорот за Брегзит Read More »

Спасовски и Жерновски во Женева на состанок на Извршниот комитет на УНХЦР


Делегација од Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во чиј состав ќе биде и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска во Женева ќе учествуваат на 70-тата Сесија на Извршниот Комитет на Програмата на Високиот Комесар за бегалци на ОН. …

Спасовски и Жерновски во Женева на состанок на Извршниот комитет на УНХЦР Read More »

Шефот на австриската дипломатија во посета на Северна Македонија


Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, Шаленберг ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што двајцата министри ќе одржат прес-конференција. Во рамки на посетата на земјава, шефот на …

Шефот на австриската дипломатија во посета на Северна Македонија Read More »

Посвежо време со повремен дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб о …

Посвежо време со повремен дожд Read More »

Рубенс Корубин за „Независен“: Сликам, значи живеам


Каде е Рубенс? Во ателје. Што прави? Се радува на сликањето. Ова е секојдневието на нашиот соговорник Рубенс Корубин, за кое знаат само семејството и најблиските пријатели. Утревечер, од 20 часот, во Чифте-амам, целата македонска јавност ќе ја види јубилејната изложба со која авторот одбележува седумдесет години живот и четириесет и пет години од дипломирањето …

Рубенс Корубин за „Независен“: Сликам, значи живеам Read More »