Посвежо време со повремен дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб о умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд, а потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.