Вевчани ќе добие „Виа ферата“ или заштитена патека за качување


Во Вечани се гради првата безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала, наречена „Виа ферата“. Карпата се наоѓа на еден километар од Вевчанските извори. На неа се поставува фиксна сајла со безбедни клинови, а на потешките делови и скали. Антонио Додески од Алпинистичкиот клуб „Патагонија“, кој е носител на проектот информира дека ферата […]

Ердоган: Русија, САД и Франција ја снабдуваат Ерменија со оружје


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Русија, САД и Франција ја снабдуваат Ерменија со оружје. – Ерменија повторно го прекрши прекинот на огнот. Минската група на ОБСЕ, која се состои од Русија, САД и Франција, и даваат на Ерменија целосна поддршка со оружје. Тие се на страната на Ерменија, истакна Ердоган. По започнувањето […]

Зверев ја освои 12. АТП-титула во кариерата


Седмиот светски рекет, Александар Зверев го освои трофејот на турнирот во Келн, победувајќи го денес во финалето 20-годишниот Феликс Ожер-Алиасим со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3. Дваесет и тригодишниот Зверев го одигра своето 20. финале на АТП турнирите и ја освои својата 12-та титула. Меѓу активните тенисери, само 12 играчи имаат повеќе трофеи од […]

428 нови случаи на Ковид-19, починати се 10 лица


Во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 200 -Куманово 16 -Дебар 2 -Штип 9 -Прилеп 29 -Тетово 30 -Струга 2 -Велес 6 -Битола 14 -Охрид 4 -Кавадарци 17 -Гостивар 5 -Гевгелија 15 -Струмица 11 -Крива Паланка 1 -Радовиш 6 -Кочани 12 -Пробиштип 1 -Македонски […]

Репертоарот на кумановскиот театар ќе се подготвува на дневно ниво


Поради големиот интерес на граѓаните, кумановскиот театар викендов три пати ја прикажа детската претстава „Трнорушка“, информираа денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Во петок и сабота во театар Куманово беше изведена премиерата и првата реприза на претставата. Како што посочи директорот на установата, Сашо Тодоровски, претставата се одигра три пати, а интересот за неа е огромен, бидејќи […]

Османи во посета на Љубљана и Загреб, ќе има средби со Пахор, Логар, Пленковиќ и Радман


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во официјална посета на Љубљана, а во вторник продолжува во работна посета на Република Хрватска. Османи утре ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар. Во рамки на посетата на Словенија се  предвидени и средби со претседателот на државата Борут Пахор, како и со претседателот […]

Идната недела стабилно време со повисоки дневни температури


Стабилно време, преку ноќ студено, со ниски утрински и дневни температури во постепен пораст, најавува УХМР за следната недела. Според УХМР; денеска попладне во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. Во Скопје […]

Мицотакис: Оградата на границата со Турција ќе биде готова до април


Грција – Новата ограда за спречување на мигранти на границата меѓу Грција и Турција ќе биде поставена до април, соопшти Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Мицотакис ги посети местата во областа Еврос, североисточна Грција и изјави дека работите бргу напредуваат. Грчката Влада вработува и дополнителни 400 граничари кои ќе бидат распоредени во Еврос и планира […]

Амди Бајрам ја омажи внуката во Истанбул, свадбата во Шутка откажана заради Ковид


Претседателот на Сојузот на Ромите и поранешен пратеник, Амди Бајрам  направи свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случила на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија. Видеа од свадбената веселба на својот Фејсбук профил објави синот на Бајрам, Габриел. Бајрам пред неколку дена јавно изјави дека ја откажал свaдбата на внуката […]

Димитров уверува дека интензивно се работи на проблемот со Бугарија, Мицкоски бара лидерска


Сите земји членки на ЕУ се свесни, особено соседите, дека сме пред многу едноставен избор – или ќе имаме заеднички успех или ќе имаме заеднички дебакл. Земјава прави дипломатски напори да се најде излез од ситуацијата. Се вложува во билатералниот однос со Софија и наскоро, во следните неколку денови и недели, ќе се види резултатот. […]

Илјада години Бигорски манастир – историски, културен и духовен бисер на С.Македонија


Илјада години одбележува денеска еден од најстарите манастири во земјава, Бигорскиот манастир, основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Свети Јован Крстител, за кој во христијанските списи се вели дека „меѓу родените од жена нема поголем од него“. Во илјадагодишното постоење манастирот поминал низ различни периоди и епохи, […]

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму троцифрен, во Скопје активни 2.515 случаи


Нови 594 случаи на Ковид-19 од 2.617 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Во болнички услови починаа три лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г). Оздравени се 162 пациенти. Од новите случаи на Ковид-19, најголем дел се во Скопје – […]

Сончево, со услови за краткотраен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови, каде ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 […]

Холандскиот крал Вилем го прекина одморот во Грција поради јавните критики


Холандија (Ројтерс) – Холандскиот крал Вилем-Александер и неговата сопруга го прекинаа одморот во Грција, откако беа под критика за патувања за време на пандемијата на коронавирусите. „Ги гледаме реакциите од луѓето на извештаите во медиумите“, рекоа Вилем-Александер и неговата сопруга кралицата Максима во изјавата објавена од Кралската куќа . „Сакаме да не оставиме сомнеж дека […]

Германскиот претседател Штајнмаер во превентивен карантин


Германија- Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денес влегол во карантин, бидејќи еден член на неговото обезбедување бил заразен со коронавирусот, изјави неименуван портпарол на претседателот. „Федералниот претседател (на Германија) денес влезе во карантин, бидејќи еден од неговите телохранители беше заразен со вирусот“, изјави за Франс прес портпаролот на Штајнмаер Заразеното лице припаѓа на командата на Генералниот […]

Драмски се отвора за публика на 20 октомври


Драмски театар по пауза од седум месеци се отвара за публика на 20 октомври со претставата ‘Партија реми’ во која игра и годинешниот добитник на наградата за животно дело ‘Анче Џамбазова’, актерот Ѓокица Лукаревски. Репертоарот на Драмски потоа продолжува со претставата „Чудесна терапија“, на 22 и 30 октомври, а на 31 октомври повторно е најавена […]

Шармот на Бодрум – турскиот Сен Тропе (репортажа)


Бодрум градот сместен на истоимениот полуостров во југозападниот дел на Турција на брегот на Егејското Море, во провинцијата Мугла, е вистински туристички бисер со долга историја и традиција. Елегантен, луксузен и модерен со бројните прекрасни плажи, бистро море и мека клима, тој е турскиот Сент Тропе. Посакувана дестинација за турската елита, но и за светскиот […]

Златко Јовановски го освои Холивуд: Ава Макс во креација на “ЈZJ “


Поп-ѕвездата Ава Макс позираше во раскошна тоалета на македонскиот дизајнер Златко Јовановски за насловницата на „HER WORLD MAGAZINE” во Лос Анџелес. -Дел од колекцијата на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” што беше претставена на Модната недела во Харбин, Кина, е во шоурумот за сценска мода во Лос Анџелес, па така впрочем и овој фустан е […]

Донаторска акција „Нахрани 10.000“


По повод „Неделата на солидарноста“ денеска на 18 локации во шест градови –  Скопје, Битола, Неготино, Струмица, Кочани и Виница ќе се одржи Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Мрежата „Сите сити“ во координација со Ајде Македонија. Станува збор за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање […]

Бочварски и Китанов на увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш. Изградбата на патот во должина од 40,4 километри се одвива во две фази. Првата фаза клучка Штип-Бучим во должина од 23 километри, е со реализација од над […]