За шест месеци доставени 120 барања за бесплатна правна помош до Министерството за правда


Со Законот за бесплатна правна помош што почна да се применува од октомври минатата година постапката за остварување ова право е олеснета и доближена до слабоимотната категорија на граѓани. Во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава, како што информираат од Министерство за правда за МИА, доставени се вкупно 120 барања за секундарна правна […]

Армијата на Македонија како членка на НАТО во прва мисија во Косово


Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“. Со присуство на највисокиот воен и […]

Зошто руските хакери не се плашат од Германија?


Универзитетската болница во Дизелдорф беше парализирана две недели на почетокот на септември оваа година. Како резултат на хакерски напад, десетици сервери беа блокирани, пациентите мораа да бидат испратени во други болници, а една жена почина. Локалните власти велат дека трагите на хакерите водат кон Русија. Слични хакерски напади врз таканаречената критична инфраструктура – болници, електрани, […]

Љубчо Георгиевски: Бугарите не сфаќаат што значи еден македонски политичар да каже, Гоце Делчев е заеднички револуционер меѓу Македонија и Бугарија


Бугарите не сфаќаат што значи еден македонски политичар да каже, Гоце Делчев е заеднички револуционер меѓу Македонија и Бугарија. Сметам дека и сон на бугарската политика долги години беше да добие таква изјава од македонска страна, истакна синоќа поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во интервју за 360 степени. -Ако тие би […]

Нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19, откако бројот на новозаболени стана загрижувачки


Поради високата стапка на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести вчера донесе нови предлог-мерки со кои се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, и до 50 отсто да е исполнет капацитетот во јавниот превоз. Надлежните уверуваат дека постојат механизми за справување со вирусот, но во […]

Сончево со умерена облачност


Сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност која во […]

Британските модни награди 2020 дигитални, ќе се вреднува хуманизмот наспроти гламурот


Англија– Ниту еден црвен килим нема да се посла во Ројал Алберт Хол оваа зима, бидејќи годишните модни награди на Британскиот моден совет стануваат дигитални. Во согласност со ограничувањата на владата за големи настани во Велика Британија, БФЦ објави дека церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи преку Интернет. Гала-астанот треба да се одржи […]

Крушево: Почит, сеќавање и ново спомен обележје за Тоше


Сеќавања, тага, почит, со песна и црвени рози. Крушево, Македонија, Балканот се сеќава на Тоше Проески по 13-ти пат од неговото трагично загинување. Маратонците и годинава стигнаа на неговото вечно почивалиште, на Гумење во Крушево. Поради пандемијата трчаа од граничниот премин Табановце, до Крушево. Претходно и симболично во Хрватска, Нова Градишка каде загина Тоше. Наум […]

Вицепремиерот Битиќи во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави дека оди во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид-19. „Моменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови. Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но […]

Во Франција од вечерва полициски час, дозволено џогирање и шетање кучиња


Франција– Ноќниот полициски час ќе стапи на сила во Париз и во осум други градови во Франција од вечерва, што ќе влијае на околу 20 милиони граѓани. Сепак, ќе бидат дозволени одредени исклучоци, како што се џогирање и шетање на кучињата, јави Би-Би-Си. Полицискиот час ќе важи помеѓу девет часот навечер и шест часот наутро и […]

Џорџ Клуни како режисер на филм според книгата „Калико Џо“ на Џон Гришам


САД– Џорџ Клуни ќе биде дел од филмската екранизација на книгата „Калико Џо“ на Џон Гришам. Глумецот се споменува и како можен режисер на филмот. „Калико Џо“ (Calico Joe) е првата спортска, бејзбол-книга на Џон Гришам, издадена 2012 година. Дел од проектот ќе биде и актерот и продуцент Грант Хеслов. Тој и Клуни соработуваа и заради „Арго“ од […]

Веле Смилевски и Ристо Василевски на Московскиот фестивал на словенските поезии


Вчера во Москва заврши Дванаесеттиот меѓународен фестивал на словенските поезии на кој учествуваа и македонските поети Ристо Василевски и Веле Смилевски. – Годинашниот фестивал, одржан во онлајн издание, со поетски читања и дебати, беше посветен на новите трендови во словенските поезии, на интензивирање на соработката и меѓусебното преведување, како и на можното проширување на творечките контакти преку […]

Петок, 23 oктомври, неработен ден за сите граѓани


По повод Денот на македонската револуционерна борба, петок, 23 oктомври, ќе биде неработен за сите граѓани на државата согласно Закон за празници, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита празникот – Денот на Македонската револуционерна борба.

Карди Б ја покажа својата епска Биркин колекција, екссопругот ѝ подарил 15 од 23 чанти


САД-Не е тајна дека Карди Б (28) сака да живее луксузен живот. Од нејзините сложени маникири украсени со кристали до орманот со дизајнерски чанти, раперката „WAP“, 28, сака да ја канализира својата најгламурозна страна. И, една од најважните основни модни додатоци во нејзината гардероба? Иконската торба Биркин на Хермес, која Карди често ја комплетира со […]

За да стане глобален играч, ЕУ треба да престане да биде судија


Пред околу 15 години, претседателот на Европската комисија, Романо Проди, предложи визија за Европа, опкружена со „прстен на пријатели“. Неговата идеја не се разви добро со текот на времето. Денес, континентот е опкружен со кралеви, султани и императори, кои безмилосно си играат со ЕУ. Се наѕира уште еден конфликт со рускиот претседател Владимир Путин. Турскиот […]

Италијанскиот министер за спорт рече дека Роналдо го прекршил безбедносниот протокол со враќањето во Торино


Италија – Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора изјави дека напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој претходно се зарази со коронавирус, го прекршил протоколот за безбедност кога се вратил во Торино. – Сметам дека тој го прекрши протоколот затоа што немаше посебна дозвола од здравствениот орган, рече Спадафора на „Раи Радио“. Јувентус издаде соопштение за враќањето […]

„Тајмс“: Русија со дезинформациска кампања за вакцината против Ковид-19 на Универзитетот Оксфорд


Aнглија – Русите спроведуваат кампања за дезинформација за ширење стравови во врска со вакцината што ја развива универзитетот во Оксфорд. Тоа го објави британскиот весник „Тајмс“. Фотографии и видеа ја претставуваат британската вакцина како опасна. Весникот забележува дека кампањата издала предупредувања дека вакцината може да ги претвори луѓето во мајмуни затоа што вирусот на шимпанзата бил […]

Студија: Кинеска вакцина против Ковид-19 со ветувачки резултати


Кина– Една од вакцините за новиот коронавирус што се развива во Кина се покажа како безбедна и предизвика имунолошки одговор во текот на првата и втората фаза на клиничките испитувања врз луѓе, се вели во извештајот објавен во престижниот „Лансет“. Потенцијалната вакцина наречена BBIBP-CorV ја развива Институтот за биолошки производи во Пекинг, подружница на големата […]

Карантин од 14 денови за сите кои доаѓаат од Италија во Велика Британија


Aнглија – Продажбата на алкохол во британскиот Парламент ќе биде забранета како дел од новите мерки против коронавирусот, што ќе стапат на сила во државата од утре. Од сабота повеќе нема да може да се купуваат алкохолни пијалоци во локалите на Долниот дом, објави неговиот претседател Линдзи Хојл. Тој потсети дека пабовите во голем број области […]

Каков е ефектот на пандемијата врз човековите права: Форум во Стразбур


Претставниците на Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа и правосудните институции од седум држави на Југоисточна Европа, денеска и утре ќе учествуваат на Седмиот регионален форум за владеење на правото во ЈИЕ на тема „Ковид-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човековите права“. Форумот го организираат Програмата на AIRE Центарот за Западен […]