Раб: Безбедното враќање на Колесникова мора да биде врвен приоритет за Белорусија


Англија – Велика Британија ја повика владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко враќањето на Марија Колесникова да стане нејзин главен приоритет, откако вчераутро беше соопштено дека опозиционерката била киднапирана од неидентификувани лица. Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека е „сериозно загрижен за Марија Колесникова“, јавија синоќа британските медуими. -За режимот на Лукашенко, нејзиното […]

Данокот на доход и персоналецот остануваат на 10 отсто, Владата не се откажува од прогресивното оданочување


Новата Влада го почна својот четиригодишен мандат. Првата седница ја одржа неделава и ги донесе првите одлуки. Во Програмата, која треба да ја исполни во добиениот мандат, на 57 страници се наведени приоритетите. Фокусот во економијата планира целосно да се насочи во спроведување на клучниот процес на трансформација на нашата економија. Ќе гарантира предвидливост во […]

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа


Како последица од Ковид-19, на 52 – годишна возраст синоќа почина Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа и познат бизнисмен во нашата земја и во Италија. Како што информираа од општината, Хасан починал во болнички услови во Скопје каде бил хоспитализиран повеќе од две недели, откако му било дијагностицирано дека е позитивен на […]

Ќе беше магично да го дочекавме оскаровецот Камински: Интервју со Гена Теодосиевска, директорка на „Браќа Манаки“


ЛЕЈЛА САБИТ Фото: Борис Грданоски  „Не смееме да дозволиме кино салите да останат тивки и празни. Тоа би било апокалиптично, депресивно… Филмските фестивали се формирани, основани, организирани да ја промовираат филмската култура на соодветен начин, на големо платно, било во кино сала или на отворен простор. Возбудата пред и после филмот е неприкосновено, незаменливо чувство […]

Дваесет и девет години независност, одбележувањето под посебни услови


Во земјава денеска се одбележуваат 29 години од независноста, односно од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, прославата ќе се одржи во посебни услови согласно протоколите на Комисијата за заразни болести за одбележување државни празници, без масовни народни собири, […]

Се договараат кадрите за заменици-министри и собраниски комисии


Партнерите од владејачката коалиција ги договараат кадрите кои ќе ги предложат за заменици-министри, а јавноста ги очекува и имињата на претседателите и замениците на 21 собраниска комисија, што треба да ги номинираат пратеничките групи од власта и опозицијата. Премиерот Зоран Заев  верува оти до крајот на неделава ќе биде постигнат договор за  замениците-министри и првите […]

Активни 2.018 случаи на Ковид-19, препорака за враќање на работа на хронично болните


Нови 37 случаи со Ковид-19 од 484 тестирања беа евидентирани во вчерашната 24 часовна статистика на Министерството за здравство. Починати се шест пациенти, од Скопје (73 г.), Струга (79 г), Гостивар (55 г.), Крива Паланка (63 г.), Делчево (86 г.) и од Кичево (74 г.). Регистрирани се 251 оздравен пациент. Вкупниот број на ковид дијагностицирани […]

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 22 до 35 степени. Во Скопје и […]

,,Како да станам моден дизајнер“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Промоција на Саемот на книга


Вечер, од 19 часот, на Саемот на книга во Скопје ќе биде промовирана книгата ,,Како да станам моден дизајнер“ (издание на „Арс Ламина“) на почитуваната костимографка Зорка Тодорова-Младеновиќ , една од ретките кај нас која работела во славното време на Ју-модата и на македонските филмови кои оставија трага во кинематографијата. Станува збор за прва книга […]

Почнува Саемот на книга во Скопје, на отворено и со попусти


Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти на Саемот на книга 2020 кој почнува денес и ќе трае до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудатана голем број […]

Хрватска: Првпат геј двојка доби статус на згрижувачи на две деца


Хрватска – После три години правна постапка, хомосексуална двојка успеа да стане згрижувачко семејство на две деца и со тоа првата згрижувачка истополова двојка во Хрватска, беше објавено денеска во Загреб. – Сакаме официјално да потврдиме дека Младен Кожиќ и Иво Шегота станаа првиот геј пар во Хрватска што вдоми две деца и планира да вдоми […]

Мбапе позитивен на коронавирус


Франција – Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е позитивен на коронавирусот и сигурно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации во вторник против Хрватска, објави Француската фудбалска федеравија (ФФФ) Една од најголемите француски sвезди беше единствениот стрелец во победата на Франција над Шведска (0-1) во саботата. Мбапе е седмиот играч на ПСЖ заразен со коронавирус, а […]

Коронавирусот не се смирува во Албанија, влезе и во затворот со високо ниво на обезбедување


Албанија – Во Албанија и во последното деноноќие висока бројка на новозаразени со Ковид-19 или околу 18 отсто од тестираните 824 примероци во Институтот за јавно здравје и неколку приватни установи. -Во последните 24 часа потврдени се 151 новозаразен со Ковид-19, оздравени се 80 додека починаа тројца пациенти кои беа болнички третирани. Загрижува и појавата на […]

Средба Маричиќ – Жбогар: ЕУ ќе биде вклучена во сите реформи во правосудството


Отворањето на Поглавјето 23 беше во фокусот на денешната средба во Скопје меѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која Маричиќ потенцираше дека неговата главна мисија во Министерството за правда е градење на независно и непристрасно правосудство. Тој ја презентираше својата стратегија и агендата на Министерството за правда и потенцираше дека […]

Заев в среда ќе разговара со Вархеји


Белгија– Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји задутре ќе оствари телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, прв официјален разговор од формирањето на новата Влада, дознава дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија од страна на Европската Комисија. Повикот ќе биде прилика за двајцата да ја повторат заложбата за засилено реформско темпо кон Европската Унија, со […]

Мекинро: Ѓоковиќ ќе биде „лошото момче“ до крајот на својата кариера


САД – Освојувачот на седум Гренд-слем титули, Џон Мекинро (САД), изјави дека по синоќешното дисквалификација од УС Опен, Новак Ѓоковиќ е веќе „лошото момче“ на тенисот. Експертот за „Еуроспорт“, познат по насилниот темперамент и остриот јазик, рече дека не очекувал таков чин од Србинот, особено во ситуација кога тој е очигледен фаворит. – Притисокот му […]

САД против Џулијан Асанж


175 години затвор – толкава казна му се заканува на Џулијан Асанж бидејќи јавно објави воени злосторства на САД. Во Лондон денеска продолжува постапката за екстрадиција против основачот на Викиликс Во Лондон има најмалку осум затвори. За Џулијан Асанж британското правосудство го одбра Белмарш. Затворот во источен Лондон со максимално ниво на безбедност е изграден за […]

Јиржи Менцел: Чешкиот режисер и оскаровец почина на 82 години


Чешка-Познатиот чешки филмски и театарски режисер, оскаровецот Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст, објави неговата сопруга Олга на својата фејсбук-страница. Ретко е виден во јавноста по операцијата на мозокот пред три години. Менцел се прослави со својот прв игран филм „Строго контролирани возови“ од 1966 година, за кој освои Оскар во категоријата најдобар странски филм. […]

Рускиот опозиционер Навални разбуден од вештачка кома


Германија – Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од вештачка кома и во „фази“ ќе биде симнат од апаратот за вештачко дишење, соопшти денеска берлинската болница. Навални, кој беше отруен со невротоксичен агенс од типот Новичек „реагира кога му се зборува“, информира болницата во која е хоспитализиран рускиот опозиционер од 22 август. Неговата „здравствена состојба … е […]

Продолжува судењето за актерката Силвија Стојановска


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. -Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули […]