Ѓоковиќ ја обновува силата во „ Долината на пирамиди“ во Босна


БиХ- Тенискиот ас  Новак Ѓоковиќ  го посети босанскиот „Парк на пирамиди“ заради наводната негова исцелителска моќ, 48 часа по неговиот пораз од Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос.

Српскиот светски рекет број еден е познат по невообичаени и понекогаш контроверзни духовни погледи и практики во ново време.

Новак отпатува во долината на Пирамидите во Виско и нејзините тунели стари 25 000 години под чијашто „енергија“ се тврди дека чудесно лекува и ја враќа енергијата.

Иако некои ридови во регионот личат на пирамидална форма, Европската асоцијација на археолози ги демантираше тврдењата како псевдо-наука пред повеќе од една деценија.

„Јас би ги поканил сите спортисти да дојдат тука за да поминат време во тунелите, што е многу корисно за зголемувањето на кислородот во белите дробови“, рече тој за јавната телевизија ФТВ.

„Има директен ефект врз регенерацијата, врз закрепнувањето, што е многу важно за спортистите“, рече тој.

Според локалните медиуми, посетителите на пирамидалниот парк се зголемени по претходната посета на Ѓоковиќ во јули, откако тој и неговата сопруга се заразија со Ковид-19 по тенискиот турнир што тој го организираше во Задар, Хрватска.

„Ако има рај на земјата, тогаш е тука“, рече тогаш српскиот врвен тенисер.